СЗО: Јужна Америка е ново жариште на COVID-19

МИА/КАЈГАНА
/ 23.05.2020 / 09:49

Јужна Америка стана нов епицентар на коронавирусот, а најтешко погодена земја е Бразил, додека расте бројот на смртни случаи во некои африкански земји, кои досега немале голем број починати, објави Светската здравствена организација (СЗО).

„Пандемијата на COVID-19 се прошири на повеќе од 100.000 луѓе во Африка. Вирусот сега се шири во секоја земја на континентот, а првиот случај беше пријавен пред 14 недели”, се вели во соопштението на СЗО.

Досега на африканскиот континент се регистрирани 3.100 смртни случаи поврзани со новиот коронавирус.

Девет африкански земји се соочени со зголемување од 50 проценти на бројот на заразени лица, додека другите земји на континентот имаат стабилен или опаѓачки број на случаи.

Експертите на СЗО додаваат дека постои веројатност оти ниската стапка на смртност во Африка е поврзана со значително пониска просечна возраст на населението отколку во другите делови на светот.

Сепак, експертите од Светската организација се загрижени поради значително помалите медицински ресурси што им се достапни на африканските земји во споредба со поразвиените делови на светот, впосочувајќи дека во случај на зголемување на бројот на заразени, може значително да гбидат загрозени населението и здравствените системи.

Но, ситуацијата во Јужна Америка изгледа потешка, предупредува СЗО, чии експерти велат дека властите на најтешко погодената земја – Бразил одобриле широко распространета употреба на антималарискиот лек хидроксихлорокин, иако не е клинички докажано дека лекот помага во лекување на COVID-19 без дополнителни ризици.

Експертите на СЗО велат дека може да се каже дека Јужна Америка сега е ново жариште на вирусот во светот.

Во меѓувреме, Бразил ја претекна Русија според бројот на заразени и се наоѓа на второ место во светот, по САД, откако во таа јужноамериканска земја се потврдени вкупно 330.890 случаи. Расте бројот на заразени и во Аргентина, каде за едно деноноќие се регистрирани 718 новозаразени или вкупно 10.649. Во Мексико вчера беше регистриран рекорден број на смртни случаи за еден ден, кога за едно деноноќие починаа 479 лица. Вкупниот број на смртни случаи во земјата достигна 6.989 лица, додека вкупниот број на заразени изнесува 62.527.

На прво место според заболени од COVID-19 во светот сѐ уште се САД, каде вчера, за едно деноноќие беа евидентирани нови 20.522 случаи и уште 1.089 починати. Според Американскиот ценатар за контрола на болести вкупниот број на заболени во земјата изнесува 1.571,617, додека починале 94.150 пациенти.

Она што радува е што во Кина вчера не беше потврден ниту еден нов случај на коронавирусот, првпат од избувнувањето на кризата во Вухан, минатата година. Исто така, во Кина вчера немаше ниту еден смртен случај од COVID-19.

Remote video URL
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Секси петок

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе