СЗО: Случаите на инфекција со грип се намалени за над 90 отсто

Мерките преземени од земјите за борба против пандемијата на коронавирус ја искоренија инциденцата на грип, изјави денеска шефот на одделот за пандемии и епидемични болести на СЗО Силвија Брајанд, пренесува ТАSS.

– Ја следиме сезонската инциденца на грип и можеме да кажеме дека гледаме екстремно ниска циркулација во јужната хемисфера, рече таа. – Можеби има голем број објаснувања за ова, но најреалната хипотеза е дека мерките преземени за борба против коронавирусот се исклучително ефикасни против сезонскиот грип, вели Брајанд.

Таа истакна дека СЗО и натаму ќе ја следи ситуацијата со грипот, особено во конекст на вакцинацијата против коронавирус.

– Во оваа фаза, сепак, можеме да заклучиме дека мерките што се ефикасни во борбата против коронавирусот се исклучително ефикасни во борбата против другите заразни болести, рече експертката.

Претходно беше соопштено дека во 2020 година, според голем број студии, инциденцата на грип е намалена за повеќе од 90 проценти. Според американскиот Центар за превенција и контрола на болести, само во сезоната на грип 2018-2019 во таа земја се разболеле 42,9 милиони луѓе, од кои 647.000 биле хоспитализирани, а 61.200 починале. Во периодот 2017-2019 година имало 48,8 милиони случаи, 959 илјади хоспитализации и 79.400 смртни случаи. 

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Свет

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Read more

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Read more

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Read more

Бајден тврди дека вујко му бил изеден од канибали

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе