Светската здравствена Организација соопшти дека ќе започне да користи нов термин - „mpox “ како синоним за мајмунски сипаници и ги повика другите да го следат примерот по поплаките дека сегашното име на болеста е расистичко и стигматизирачко.
„И двете имиња ќе се користат истовремено во период од една година, а терминот ‘мајмунски сипаници’ ќе биде укинат“, соопшти СЗО. На почетокот на годината, организацијата започна јавни консултации со цел да се најде ново име за болеста.
Еден од најпопуларните предлози беше името „mpox“ или „Mpox“, предложено од Организацијата за машко здравје RÉZO. Нејзиниот директор еднаш рече дека отстранувањето на сликата за мајмуни придонесе луѓето сериозно да ја сфатат итностаа на здравствената ситуација.
Мајмунските сипаници биле откриени во 1958 година и го добиле името по првите животни кои покажале симптоми - мајмуните. До оваа година главно беа распространети во групата земји од Западна и Централна Африка. Но, од почетокот на годината, според податоците на СЗО, 110 земји во светот пријавиле околу 80.000 потврдени случаи на болеста и 55 смртни случаи.