СЗО: Терапијата со плазма е експериментална, потребни се уште докази

Светската здравствена организација соопшти дека употребата на плазма од страна на пациенти излекувани од COVID-19 сè уште се смета за „експериментална терапија“ и дека прелиминарните резултати што укажуваат на нејзината можна ефикасност сè уште не се „убедливи“.

Сума Сваминатан од СЗО изјави дека конвалесцентната плазма се користела како терапија за голем број заразни болести во текот на изминатиот век, со различен степен на успех.

– СЗО сè уште смета дека третманот со конвалесцентната плазма е експериментален, рече Сваминатан, додавајќи дека треба и натаму да се следи и проценува.

Покрај тоа, таа вели дека терапијата со плазма е тешко да се стандардизира, со оглед на тоа што луѓето произведуваат различни нивоа на антитела и дека плазмата мора да се собира индивидуално од излекуваните пациенти.

Според Сваминатан, истражувањата се од мал обем и не обезбедиле квалитетни докази кога станува збор за овој вид на лекување.

Таа истакна дека државите можат да ја користат оваа форма на терапија за лекување на итни случаи, доколку сметаат дека придобивките ги надминуваат ризиците.

Од СЗО напоменуваат дека терапијата со конвалесцентна плазма има голем број несакани ефекти, од блага треска и температура до многу сериозни проблеми со белите дробови. 

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Свет

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Read more

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Read more

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Read more

Гулабарник или ЕУ?

Read more
 

Вести

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Читај повеќе

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Читај повеќе

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините кадешто се градоначалници

Читај повеќе

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Читај повеќе

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Читај повеќе
  • play_arrow

Гулабарник или ЕУ?

Читај повеќе
  • filter

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Читај повеќе