СЗО: Засега не се препорачува комбинирање на вакцини против COVID-19

Светската здравствена организација (СЗО) денеска повторно соопшти дека поради недостигот на „соодветни податоци“, не можат да се дадат препораки во врска со комбинацијата на различни вакцини против коронавирусот, што Франција го планира при ревакцинацијата на лицата помлади од 55 години кои ја примиле првата доза на вакцината на AstraZeneca.

Нема соодветни податоци врз основа на кои би можело да се каже „дали може тоа да се направи“, па затоа експертите на СЗО заклучија дека „не може да се препорача комбинирање на вакцини во овој момент“, истакна портпаролката на СЗО, Маргарет Херис на редовниот брифинг со новинарите во Женева.

Таа нагласи дека таквиот став го усвоила Стратешката експертска советодавна група за имунизација (SAGE) во февруари за време на објавувањето на препораките за вакцината на AstraZeneca и пред информациите за евентуална поврзаност на тој препарат со многу ретки несакани ефекти што беа регистрирани.

– Научниците тогаш побараа да се испита можноста за комбинирање на вакцини против COVID-19, изјави Херис.

Француските власти неодамна донесоа одлука луѓето на возраст под 55 години, кои ја примиле првата доза на AstraZeneca, да бидат ревакцинирани со Pfizer или Moderna, врз основа на mRNA.

Одлуката се однесува на околу 533.000 луѓе во Франција, каде вакцинацијата со AstraZeneca за помлади од 55 години беше прекината на 19 март поради појава на ретки случаи на тромбоза во Европа, како несакан ефект од употребата на тој препарат.

Европската агенција за лекови (ЕМА) во средата објави дека индивидуалните случаи на згрутчување на крвта по имунизација со вакцината на AstraZeneca се „ретки несакани ефекти“ на вакцината и не можат да бидат поврзани со возраста, полот или историјата на болести.

Ставот на ЕМА е дека придобивките од вакцината се поголеми од ризиците.

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Здравје

Како реагира мозокот на еден час поминат во природа?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Гинеколошки симптоми кои не треба да ги игнорирате

Read more

Што е најважно за здравјето на црниот дроб, според докторите?

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Читај повеќе

Харизматични, неодоливи и вистински господа – најпосакуваните мажи во хороскопот

Читај повеќе

Захер тортата настанала непланирано, а поради богатиот вкус го освои светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Сочни и крцкави со месеци: Трик за складирање јаболка од XVIII век

Читај повеќе

Ресторан дава бесплатно шише вино ако не зјапате во телефонот додека јадете

Читај повеќе

Зошто не треба да спиете со мокра коса?

Читај повеќе
  • filter

Мис ВИ: Се избира најубавата компјутерски генерирана жена

Читај повеќе

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Читај повеќе

Како реагира мозокот на еден час поминат во природа?

Читај повеќе