Табови ли се табови, само стресови големи

Дали оставате десетици отворени табови (јазичиња) во вашиот прелистувач? Непотребно си создавате стрес!

Ако моментално се борите со отворена долга серија јазичиња во вашиот прелистувач, не сте единствените.

Една нова студија откри дека многу луѓе кои прелистуваат преоптоварени јазичиња на веб-прелистувачи, зачувуваат статии за да ги читаат подоцна, оставајќи ги како потсетници, т.е. ги оставаат отворени јазичињата додека не го „закочат“ компјутерот и си ја отежнат работата наместо да си ја олеснат.

Овој интернет хаос може да ги натера луѓето да се чувствуваат како под голем стрес, расеани и претрупани со обврски. И покрај ова, често избегнуваме да го расчистиме овој хаос.

Преку анкети и интервјуа со 103 учесници, истражувачите откриле дека повеќе од половина од групата се чувствувале дека не можат да затворат ниту еден од отворените табови.  Ако го направеле тоа, станувале позагрижени дека може да изгубат важни информации, за што пред сè вложиле време и труд.

За 30 проценти од учесниците, проблемот бил толку лош, што рекле дека имаат проблем со трупање отворени табови.

Од една страна, ги имате оние кои чувствуваат притисок да ги затворат табовите, можеби за да си помогнат да се фокусираат или за да престанат да ја трошат батеријата.

Од друга страна, ги имате оние кои чувствуваат притисок да ги држат табовите отворени затоа што може да изгубат потсетници за незавршени задачи или ќе мораат одново да бараат информации и да се реорганизираат.

„Луѓето се плашат дека штом нешто ќе им исчезне од видно поле, ќе го снема“, вели Аникет Китур од Универзитетот Карнеги Мелон.

Интересно, овој страв се чини дека е главната причина за нередот кај повеќето луѓе. Само 19 проценти од учесниците изјавиле дека нивната неможност да ги затворат табовите има врска со мрзливоста.

Еден испитаник кој спаѓа во оваа категорија ја спореди употребата на јазичиња со растечкиот куп облека во неговата соба.

„Затоа што ако тоа е џемпер што го носам неколку пати неделно, ќе биде полесно ако само го земам тој џемпер што е префрлен преку столицата отколку да го ставам во плакарот. Но, потоа тој еден џемпер станува 30 парчиња облека натрупани на столицата и не можам да најдам ништо“, објасни тој.

„Знам дека нема смисла, но пак го правам истото. Како во моментот да изгледа правилно, полесно“.

реклама

Срам за репрезентацијата: Зошто Арнаутовиќ брутално ги пцуеше македонските фудбалери?

Read more

Дали Македонија ќе го зацементира негативниот рекорд на Украина?

Read more

Пандев: Не издржавме, но таков е фудбалот. Против Украина одиме на сè или ништо

Read more

Да се укине полицискиот час и да се дозволат настани, концерти и забави се најновите препораки

Read more

Чек дис аут

Кит проголта нуркач, па го исфрли неповреден

Read more

Женка бел носорог стигна во Јапонија во потрага по партнер

Read more

Чудесниот остров во Хрватска што личи на отпечаток од прст

Read more

Фејл компилација на неделата

Read more
 

Магазин

Најголемите митови за автофагија

Читај повеќе

Брзо и вкусно: Тестенини со сланина, босилек и пармезан

Читај повеќе
  • play_arrow

Кит проголта нуркач, па го исфрли неповреден

Читај повеќе

Во која секс поза најмногу уживаат жените од секој хороскопски знак?

Читај повеќе

Забранети комбинации на храна што сите ги правиме

Читај повеќе

Колку сон му е потребно на вашето бебе?

Читај повеќе

Пет знаци дека сте во врска со маж кој се плаши од долга врска и брак

Читај повеќе
  • play_arrow

10 HIIT вежби за топење на масните наслаги на стомакот

Читај повеќе

Родители споделуваат причини зошто не би имале деца кога би можеле да го вратат времето

Читај повеќе