Тачи го одликува Трамп со Орденот на слободата и го покани да го посети Косово

Косовскиот претседател Хашим Тачи му го додели на претседателот на САД, Доналд Трамп, највисокото државно одликување на Република Косово, Орденот на слободата и воедно го покани во најскоро време да ја посети земјата.

Канцеларијата на Тачи го објави неговото писмо упатено до американскиот претседател, во кое се наведува дека орденот на Трамп му се доделува за неговиот „придонес за слободата на Косово и за јакнењето на мирот и стабилноста во регионот“.

Во писмото се наведува дека договорот за економска нормализација меѓу Косово и Србија, кој на 4 септември беше потпишан во Белата куќа во Вашингтон, „не би бил возможен без силното лидерство на САД“ и на претседателот Трамп.

– Сакам да ја изразам мојата длабока благодарност за Вашиот личен придонес во постигнувањето на договорот за економска нормализација меѓу Косово и Србија. Овој договор претставува напредок од извонредно значење за затворањето на вековниот конфликт меѓу нашите народи. По децении на блокади и стагнации во преговорите, благодарение на вашето храбро лидерство го постигнавме овој историски договор, му пишува Тачи на Трамп.

Косовскиот претседател истовремено ги одликува со Претседателски медал за заслуги советникот на Трамп за национална безбедност, Роберт О'Брајан и специјалниот пратеник за дијалогот меѓу Приштина и Белград, Ричард Гренел, за нивниот „придонес за постигнувањето на историскиот договор меѓу Косово и Србија“.

– Народот на Косово останува вечно благодарен на САД, нашиот спасител во нашите најтешки денови, кој беше и останува и натаму покрај нас, се вели во писмото на Тачи.

Тој порачува дека Косово „останува посветено на постигнување опстоен мир и долгорочна стабилност во Западен Балкан“ и дека е подготвено да придонесе за мир и безбедност во светот.

– Работевме многу во изминативе години и подготвени сме да го дадеме нашиот придонес за мир и безбедност во светот. Исто така, непоколебливи сме во нашата посветеност за постигнување договор кој ќе ги реши сите отворени прашања и ќе доведе до меѓусебно признавање на Косово и Србија. Повеќе од кога било јасно е дека ова може да се постигне само под силното лидерство на САД. Вашата улога во овој процес е од животно значење. Косово е навистина благословено со вашата непоколеблива поддршка за исполнувањето на неговите аспирации, пишува Тачи.

Во писмото до неговиот американски колега, косовскиот претседател нагласува дека косовскиот народ е „најпроамериканскиот народ во светот“.

– Од името на народот на Косово, задоволство ми е да ве поканам да го посетите Косово и да се уверите во прогресот кој што вие го овозможивте. Ќе ми биде голема чест да ви посакам добредојде и да ви го претставам најпроамериканскиот народ во светот, му порача Тачи на Трамп во писмото со кое го известува за одликувањето со највисокото косовско одликување.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Регион

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Read more

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more
 

Вести

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Читај повеќе

Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000

Читај повеќе

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Читај повеќе

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе