Каземиро заплака во текот на прошталната церемонија во Реал Мадрид
Играчот од средниот ред Каземиро не можеше да ги задржи солзите за време на прошталната церемонија во Реал Мадрид. Триесетгодишниот Бразилец заплака додека се присетуваше на неговите настапи во клубот.
Бразилскиот 30-годишен фудбалски репрезентативец Каземиро го напушти Реал Мадрид, чиј дрес со успех го носеше изминатите години, и потпиша договор со Манчестер Jунајтед со важност до 2026 година.