Mitsubishi прекинува со испораката на нови модели во Европа
Јапонската компанија Mitsubishi Motors реши да ја замрзне испораката на своите модели за европскиот пазар. Продажбата и услугите, сепак, ќе продолжат, како што вели објава на нивната официјална интернет-страница.