Тајните на женското задоволство: Какви оргазми се бран, вулкан и лавина?

Сексот може да го подобри расположението, да ги ублажи стресот и депресијата, да го зајакне имунитетот и да ги подобри односите со партнерот.

Малку работи на овој свет се толку недоволно разбрани како женскиот оргазам. Иако постигнавме напредок во однос на стигмата на женското задоволство, сепак не зборуваме доволно за тоа, а тоа го поткрепува и фактот дека има многу малку научни истражувања кои би ги потврдиле психофизичките придобивки од женскиот оргазам.

Придобивките од машкиот оргазам се многу јасни. Репродуктивно, служи за оплодување на жената. Машкиот оргазам, значи, има еволутивна придобивка и токму затоа е истражуван „долж и попреку“. Не е проблем да се зборува за тоа, не е табу тема и јасно можеме да кажеме дека е добар, корисен и пожелен.

Жените не мора да доживеат оргазам за да забременат, но има некои докази кои сугерираат дека тоа е одлично за плодноста.

Иако нема конкретни докази кои точно ќе ни покажат за што е добар женскиот оргазам, добро е познато дека задоволството е корисно за здравјето на секоја жена.

Женскиот оргазам има многу повеќе придобивки за нашето ментално здравје. Пријатниот секс може да го подобри расположението, да го ублажи стресот и депресијата, да го зајакне имунитетот и да ги подобри односите со партнерот.

Иако постојат безброј начини на кои жената може да достигне кулминација, една неодамнешна студија на Универзитетот во Прага потврди дека постојат три типа на женски оргазам: бран, лавина и вулкан.

Учесниците во студијата користеле блутут вибратор за да ја детектираат силата на контракции во карлицата. Вибраторот собирал податоци за движењата на мускулите во моментот на оргазам и на овој начин истражувачите идентификувале три типа на оргазми и ги именувале според природните појави на кои личат.

Бран

Истражувачите заклучиле дека ова е најчестиот тип на женски оргазам. За да доживее жената „бран на задоволство“, не мора да биде премногу возбудена, а тоа можеме да го препознаеме по постојаното затегнување и опуштање на мускулите. Речиси половина од учесничките забележале бранови на оргазам, а некои рекле дека дури можат да ги контролираат. Кога жената ќе доживее ваков облик на оргазам, таа лесно може да го доживее без да реагира на него.

Вулкан

Како што сугерира името, вулканскиот оргазам е многу поексплозивен и попријатен. Започнува со акумулација на бранови со мала напнатост во карлицата, која потоа се крева рамномерно, а потоа се спушта во точката на интензивна кулминација. Затоа, кога ќе помислите дека сте кулминирале, продолжете со стимулација на клиторисот. Тогаш ќе има експлозија од задоволства.

Лавина

Овој облик на оргазам има најголема карлична напнатост и дава најинтензивно задоволство. Тоа го доживуваат жени кои го познаваат своето тело, имаат чести сексуални односи и често мастурбираат. Сексуалните терапевти истакнуваат дека секоја жена може да научи како да го доживее овој облик на оргазам и дека е одличен за здравјето на жените, а се користи дури и во некои терапии кои помагаат при ментални болести.

реклама

Том Хенкс со години се бори со тешка болест која ја добил поради улога

Read more

Зошто Германија и Јапонија сериозно се вооружуваат?

Read more

Брук Шилдс: Агаси збесна кога глумев со Џои во Friends

Read more

САД одби да објави снимки од соборените НЛО-а: Тоа е строго доверливо

Read more

Љубов и секс

Пет лоши навики со кои си го уништувате сексуалниот живот

Read more

За машки: 7 совети како да ја освоиш симпатијата

Read more

Што треба да знаете пред да одлучите да живеете заедно со партнерот?

Read more

За што најчесто се расправаат луѓето во врска?

Read more
 

Магазин

Месечен хороскоп за април: Три знака ќе имаат животен пресврт

Читај повеќе
  • filter

Хајди Клум – божица на црвениот килим

Читај повеќе

Која храна треба да ја одбегнувате ако сакате рамен стомак?

Читај повеќе

Дали треба да позајмувајте пари на роднини и пријатели?

Читај повеќе

Зошто одлучив да немам деца?

Читај повеќе

Која е врската помеѓу витаминот Д и опаѓањето на косата?

Читај повеќе

Спанковците се поинтелигентни и посреќни од ранобудниците

Читај повеќе

Здравите деца мора да внесуваат глутен во исхраната

Читај повеќе

Потврдено: Хормоналната контрацепција го зголемува ризикот од рак на дојка

Читај повеќе