Тајсон Фјури: Ќе полудам ако престанам со боксот

Тајсон Фјури вели дека во боксот повеќе не го мотивираат пари, победа, титули, туку само се обидува да го спаси сопственото ментално здравје. Порача дека никогаш нема да се пензионира, па ако некој сака да ја земе шампионската титула ќе мора да се соочи со него.

Во интервју за  BT Sports,  Фјури интроспективно зборуваше за неговата ментална состојба.

„Откако го победив Дилиан Вајт во април, се колнам дека навистина мислев да се пензионирам. Никогаш во животот не сум бил посигурен во нешто. Бев три месеци вон рингот, ја пишував мојата трета книга, продуцирав песна и бев многу зафатен. Но, без боксот, се чувствував дека немам цел во животот“, изјави Фјури.

Потоа додаде дека не знае кога ќе се пензионира, иако зад него и пред него се многу операции.

„Многу сум себичен, требаше да останам во пензија, но алчно се вратив по уште. Потребно ми е тоа. Не можам да престанам, можеби ми треба лекарска помош. Не знам кога ќе престанам, имам 34 години и зад мене се многу операции, живеев ужасно нездрав живот надвор од рингот“, објаснува тој.

Во неговата исповед додаде дека не боксува за пари, ниту за победи или титула, туку боксува поради главата.

„Без боксот, мојата ментална состојба рапидно се влошува и не знам како поинаку да го задржам здравиот разум. Брутално сум искрен, зборувам од срце. Не знам како да престанам“, вели тој.

реклама

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Read more

Зошто никогаш не треба да користите мобилен телефон додека сте во тоалет?

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Останати спортови

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Read more

Спектакл во Тексас, Вињалес влезе во историјата на кралската класа

Read more

Конор МекГрегор се враќа во октагонот

Read more
 

Спорт

Дончиќ официјално прогласен за најдобар стрелец во НБА

Читај повеќе
  • play_arrow

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Читај повеќе
  • play_arrow

Се посрамоти за цел живот: Хрват го изведе најлошиот пенал и тоа во Ла Лига

Читај повеќе

Американците со најдобрите ќе настапат на Олимпијадата во Париз

Читај повеќе
  • play_arrow

Џеко на 38 години истрча од гол на гол за девет секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Како беше на скопското дерби Работнички - Вардар?

Читај повеќе

Проклетството на Кејн ја уништи трофејната низа на рекордерот Коман

Читај повеќе
  • play_arrow

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Читај повеќе

Откриено зошто колабираше Ндика, немал срцев удар

Читај повеќе