Таксист во Истанбул пронашол торба со 300.000 евра во неговото возило.
Енгин Олгак(31) на седиштето во неговиот автомобил пронашол торба со пари која ја заборавил патникот кој го возел од аеродромот во Истанбул до хотел во населбата Лалели.
Олгак го контактирал хотелот каде што го оставил странскиот државјанин, го пронашол човекот и му ја вратил торбата во која имало 300.000 евра.
„Откако го оставив човекот, заминав да го исперам автомобилот и тогаш ја најдов торбата со пари. Го контактирав хотелот и му ги вратив парите“, рече Олгак.