Македонската поп-пејачка Тамара Тодевска го објави нејзиниот нов сингл „Nijagara“ на 22 март и песната веќе има над 119.000 прегледи на нејзиниот YouTube канал.
Нејзините фанови не престануваат да ги споделуваат импресиите од песната која беше објавена откако Тамара тивко одбележа 20 години на македонската музичка сцена. Хит синглот за кој музиката и текстот Тамара ги напиша заедно со Лазар Цветкоски, наидува на одличен прием кај публиката. Фановите се одушевени од текстот, динамиката и енергијата на песната, коментираат колку фаантастично изгледа Тамара во стајлинзите на MARKOV…
Преубаво како и секогаш, Тамара е наша гордост луѓе!
На repeat ми е 24/7, едноставно заразена со песнава, браво кралице👑❤
Каков comeback. Гази Тамара ❤️
Несомнено најмодерниот изведувач од Мк ❤
Каква песна... БРАВО Тамарче🥳❤️
Најквалитетното парче музика што го имам слушнато кај нас во последниве 3 години!!!
Ова се само дел од позитивните реакции што фановите ги оставаат во коментари на социјалните мрежи. Песната нуди свеж, модерен звук, во чекор со трендовите на Балканот и ширум светот, а нејзиниот моќен вокал вистински ги оживува стиховите кои допираат длабоко и се навистина „заразни“. А Тамара ужива во слушаноста на песната и во разговор со Kajgana.com ни кажа дека целта секогаш ѝ е да прави песни што ќе се пеат со години.
Поминаа нешто повеќе од две недели и 119.000 прегледи на спотот на твојата нова песна „Nijagara“ на YouTube. Позитивните критики не престануваат да доаѓаат од сите страни. Како го доживуваш овој период, одѕивот на публиката, бројките...?
Навистина сум среќна што „Nijagara“ е одлично прифатена од публиката. Особено ме радува фактот што е слушана меѓу различни генерации. Речиси две недели песната беше trending на YouTube и коментарите се навистина позитивни. На песната и видеоспотот работевме подолго време и уште еднаш се потврдува дека посветеноста и квалитетната работа даваат резултати.
Изминативе две недели, заедно со мојот бенд имавме и два live настапи, во Скопје и во Штип и публиката веќе ја пее „Nijagara“. Тоа особено ме радува, како мене така и целиот тим кој е моја континуирана поддршка.
Фала Ви за уште една преубава вечер ❤️🔥 Intermezzo Music Bar 🎵
Posted by Tamara Todevska on Saturday, April 1, 2023
Дали е ова песна со најбрз раст на бројот на прегледи на твојот YouTube канал досега?
Секако дека е меѓу песните со најголем број на прегледи и споредбено со последните видеа, има значително повеќе „views“. Сепак, важно е и тоа што песната е проследена со видеоспот (кој го работеше Огнен Шапковски / „МЕЛЕМ“ продукција). Спотот автентично го опишува текстот, приказната и придонесува за една целосна слика.
Прегледите се важни, но искрено најважна ми е реакцијата на публиката. Сакам да создавам музика која ќе остане, која нема да биде само инстантен хит со стотици илјади прегледи туку и по 5, 10 години песната ќе се пее и ќе „живее“. Тоа ми е најважно.
Колку ваквите реакции те охрабруваат да продолжиш да пишуваш текстови за твоите идни песни?
Да, ова е песна каде што првпат се јавувам како една од текстописците, заедно со мојот соработник и пријател Лазар Цветкоски. Апсолутно дека реакциите мотивираат, но текстот за „Nijagara“ ми дојде сосема спонтано. Оттука, нема да правам притисок дека „по секоја цена“ треба да пишувам текст за моите песни туку ќе се водам од моменталната инспирација, идеја, креативност... Во уметноста, во музиката не можат да се форсираат работите. Треба да извираат од тебе, за да можеш да веруваш во истите.
Тамара го сподели и текстот за нејзиниот нов хит „Nijagara“. Пуштете гласно и уживајте! Кај нас во канцеларија веќе е на рипит!
K'o lavica u kavezu ja zatvorena hodam.
Telo mi je zaledjeno, mozak - centrifuga.
Svi pitaju kada će da stane?
Sama sedim i razmišljam, hoče li mi doči glave? (Hej)
I traje. x5
Hoče li mi doči glave? (Hej)
I traje. x6
Ref:
Kada zore mi ne daju mira.
I kada opet ubija me ta tišina.
Ja borim se, borim se, borim se, borim.
Ja znojim se, znojim se, znojim se.
I kada zore mi ne daju mira.
I kada opet ubija me ta tišina.
Ja bojim se, bojim se, bojim se, bojim.
Ja gubim sve, gubim te, gubim se.
Želim da vreme vrati se kad smo bili ceo svet, a sada...
Moje suze same teku kao Nijagara.
Sečanja se mešaju iz krajnosti u krajnost...
Promašena stvarnost.
Ref:
Kada zore mi ne daju mira.
I kada opet ubija me ta tišina.
Ja borim se, borim se, borim se, borim.
Ja znojim se, znojim se, znojim se.
I kada zore mi ne daju mira.
I kada opet ubija me ta tišina.
Ja bojim se, bojim se, bojim se, bojim.
Ja gubim sve, gubim te, gubim se.
Boli me istina da nemam te.
Od prevelike ljubavi sad bojim se.
Tvoji tragovi su ostavili ožiljke.
Da podsečaju me na te nemire.
Ref:
Kada zore mi ne daju mira.
I kada opet ubija me ta tišina.
Ja borim se, borim se, borim se, borim.
Ja znojim se, znojim se, znojim se.
I kada zore mi ne daju mira.
I kada opet ubija me ta tišina.
Ja bojim se, bojim se, bojim se, bojim.
Ja gubim sve, gubim te, gubim se.