Фудбал

Тами Ејбрахам може да ја откачи Англија и да заигра за Нигерија

17. септември 2019 - 13:21 | Ф.З.

Младиот голгетер на Челси најави дека не ја отпишува Нигерија како негова репрезентација наместо родната Англија.

Пред две години тврдеше дека неговата верност е исклучиво кон Англија и одби повик да игра за Нигерија. Блеска за Челси, дава голови, и очигледно му здодеа да чека повик од Гарет Саутгејт, па сега почна да флертува со Нигерија.

„Да, слушнав дека се зборува за мене. Сѐ уште не сум размислил на таа тема. Но, кога ќе дојде време за тоа, навистина ќе дојде. Никогаш не се знае што ќе биде. Никогаш не можеш да кажеш никогаш“, одговори Ејбрахам на прашањето дали ќе игра Нигерија откако деновите повторно во нигериските медиуми се отвори оваа тема.

21-годишниот Тами има право да игра за африканската репрезентација бидејќи неговиот татко е Нигериец. Има еден настап за сениорската репрезентација на Англија, но во пријателски натпревар против Бразил. ФИФА дозволува една промена на национален тим само доклу играчот нема настап во квалификации и на некое првенство.

Коментирај