Тарандилис: Сертификатот за вакцинација нема да биде наметнат за патување, туку целта е да ја намали бирократијата

Сертификатот за вакцинација е за лицата кои сакаат да имаат потврда и да покаже дека е вакциниран и веројатно да не мора да прави тест, а со тоа да се намали бирократијата при патувањата, рече портпаролот на грчката Влада Христос Тарандилис на денешниот редовен брифинг со новинарите, во однос на предлогот на Грција, ЕУ да воведе сертификат за вакцинација, јави дописничката на МИА од Атина.

Тарандилис објасни дека за нив, бидејќи Грција е туристичка земја, важно е процедурите и бирократијата да се колку е можно помали и „токму во оваа насока е идејата за сертификатот за вакцинација“.

-Не станува збор за пасош. Го кажувам ова, бидејќи се споменуваше дека ова ќе се наметне за движење од една земја во друга. Не, нема да се наметнува. Она што го предложивме ние е кодификација на таков начин за цела Европа за кога некој патува од една земја во друга, наместо да му бараат да прави ковид тест, да го покажува сертификатот и да може лесно и со помалку бирократија да се движи од една земја во друга, објасни Тарандилис.

За конкретниот предлог на грчката Влада станало збор и на состанокот на лидерите на земјите од „Covid-19 Management Group“, односно премиерите на Грција, Данска, Норвешка, Чешка, Австралија, Израел и канцеларот на Австрија.

Како што соопштија од кабинетот на грчкиот премиер, Мицотакис повторил дека целта на конкретниот предлог не е да ги подели Европејците, туку да се стандардизира на европско ниво сертификатот за вакцинација, бидејќи „на еден или друг начин, на оние кои ќе патуваат, ќе им се бара некаква потврда, без разлика дали станува збор за сертификат или негативен тест за коронавирус“.

Дополнително, истакнал дека целта на предлогот е да се олеснат слободното движење и патувањата и додал дека патувањето од Израел напролет може да бидат „пилот“ за таков предлог, бидејќи Израел дотогаш ќе има вакцинирано голем дел од населението. 

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Регион

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Read more

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more
 

Вести

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Читај повеќе

Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000

Читај повеќе

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Читај повеќе

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе