Татко и син од Струмица убиени во Швајцарија

Наум Колев (47) и неговиот син Доне (23) од струмичкото село Мокриево се убиени во Швајцарија во местото Соренс, во кантонот Фрибург. Нивните тела вчера биле пронајдени на фарма за коњи покриени со арско ѓубре, објавија швајцарски медиуми, а веста ја потврдија и жители на селото Мокриево.

Според швајцарскиот интернет портал „20 минути“, „татко и син, на возраст од 47 и 23 години, населени во кантонот Вод, биле пронајдени мртви во регионот на Соренс (ФР). Тие веројатно биле убиени од огнено оружје, проценува кантоналната полиција на Фрибург“, пишува овој портал.

Семејството Колеви петнаесетина години живееле во Швајцарија и важеле за мирно и работливо семејство. Според струмичани што живеат таму, таткото и синот заминале во вторникот навечер од својот дом за да си ги повлечат дадените пари за купување на земјоделска механизација.

-Голема трагедија. Наум го знам од дете и неговиот животен пат. Беше чесен, кроток и работлив. Станува збор за прекрасно семејство, рече Петар Спасов, жител на селото Мокриево и поранешен градоначалник на општина Ново Село.

Според швајцарски медиуми, за убиството се сомничи триесет годишен маж, кој е уапсен и ја признал вмешаноста во убиството. При претресот кај него било пронајдено огнено оружје, а полицијата треба да ги утврди точните околности под кои биле убиени таткото и синот.

реклама

Македонија

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Read more

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Read more

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Read more

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе