Театар по дома – „Иднината е приватна“

Александра Спасеска
/ 07.09.2020 / 14:57

Пандемијата го смени светот каков што го знаевме.

Дизајн на постер: Бојан Матејин

За речиси сите културни и естрадни работници оваа здравствена криза значеше и егзистенцијална криза. Без музички настапи, без театар, без балетски претстави...

„Пресврт“, како театарска група која се определува да дејствува во доменот нa вонинституционална театарска продукција и театарска едукација, излезе од рамките на она што традиционално го нарекуваме театар и подготвија нешто сосема поразлично.

„Започнавме со идеја за театарска претстава, изведена на начин кој е веќе познат, со физичко присуство. Но, овој процес нè научи дека и со прецизно планирање, нештата можат да се сменат во секунда. Овој пат актерите се на сцена во Денсинг салата на МКЦ, а вие од својот дом го следите преносот во живо на платформата Basita“, велат од „Пресврт“.

„Иднината е приватна“ ќе може да ја погледнете на 9 септември во 20 часот.

Играат: Ангела Стојановска, Наталија Теодосиева, Дени Стојанов, Дарко Ристовски, Нина Елзесер и Христијан Поп-Симонов како гласот на Адам.

Текстот и режијата се на Милош Б. Андоновски, продуцент е Петар Антевски, костимограф е дизајнерката Ирина Тошева со асистент костимограф Катерина Блажевска Тошева (Модно студио Ле-Те), сценограф е Наташа Вчкова (изведувач на сценографија Велко Бебековски), а музиката и анимациите се на ИСКРА

За снимањето и монтажа на звук е задолжен Христијан Поп-Симонов, Борис Ралев – камера, Петар Даутовски – асистент на камера, Петар Мукоски – стрим техничар, Дамјан Миновски – продуцент, шминка - Виктор Мирчевски, фотограф - Ерина Богоева.

Позајмени гласови:

Јасмина Василева, Симона Димковска, Слаѓана Вујошевиќ, Јанка Лефкова, Благојчо Стојанов, Илија Волчески, Никола Наковски, Емине Халил, Драгана Гунин, Наташа Вчкова, Петар Антевски, Милош Б. Андоновски, Марија Лукаревска.

*Цената на билетот за да го следите видео преносот е 360 денари, а повеќе информации може да најдете на следниот линк: https://basita.live/event/108-the-future-is-private

Режисерот Андоновски за „Иднината е приватна“

Често пати размислувам за тоа дека овде се преклопуваат неколку различни времиња во едно, дека истовремено живееме во три периоди: го живееме минатото среде сегашноста со постојан копнеж по иднината, која никако не доаѓа. Она пристојното, достојното што е некаде таму надвор, овде е недостижно.

Каква е иднината? Освен што се уверивме дека е непредвидлива, таа може да биде и розова, истовремено и дистописка, како во оваа претстава која тврди дека таа е „приватна“ односно дека лежи во враќањето на приватноста назад кон човекот. Што ако иднината навистина лежи во враќањето наназад, во нешта кои порано биле секојдневие, а денес се веќе егзотика: миризбата на лебот, грижата за природата, животните и другите?

Живееме изолирано и повеќе виртуелно, отколку во живо, зашто само така се чувствуваме поврзано со она што е надвор од нас, од овде. Иднината ја чувствуваме преку видливоста, препознатливоста, брендот, објавувањето на порциите и долната облека, споделувањето на личните спомени и оплакувањето на мртвите.

реклама

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Што се случува во телото ако редовно јадете темно чоколадо?

Read more

Култура

Промовирана Мојот сон во родната Крива Паланка, на Саем на книга ќе ја продава Топер

Read more

Андерс Рослунд во Скопје: Генијалниот автор на крими жанрот доаѓа на Саемот на книга

Read more

Временски сензации – изложба на скулптурите од керамика на Боро Новаковски

Read more

Изложба на карикатури од Фестивалот за хумор и сатира IN VINICA VERITAS во Крива Паланка

Read more
 

Вести

Ванковска: Без директно соочување на противкандидатите мислам дека сите ќе бидеме посрамени

Читај повеќе

Уапсен 26-годишник, се обидел да силува 68-годишна жена

Читај повеќе

Зеленски: Едвај се држиме, без помош ќе изгубиме

Читај повеќе
  • play_arrow

Со што Иран го гаѓаше Израел: Снимка од монструозна ракета извлечена од Мртвото Море

Читај повеќе

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Читај повеќе
  • filter

Промовирана Мојот сон во родната Крива Паланка, на Саем на книга ќе ја продава Топер

Читај повеќе

Меџити на средба со уметниците кај скопскиот Аквадукт

Читај повеќе

Малолетник од Тетово украл возило, бегајќи оштетил друго возило

Читај повеќе

Врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, праша Арсовска

Читај повеќе