Театарот „Сенки и облаци“ се претстави на фестивал во Москва

„Алиса и чудата” e претставата која Театар „Сенки и облаци“ ја изведе пред московската публика.

На сцената на Московскиот детски театар на сенки (Московский Детский Театр Теней), единствениот руски професионален државен театар за сенки, кој постои дури 80 години, од 12 до 15 ноември се одржа 3. Меѓународен фестивал на сенки. Фестивалот беше отворен со спектаклот „Никогаш ненапишана приказна“ посветен на 200-годишнината од раѓањето на Фјодор Михајлович Достоевски.

Обете изведби на „Алиса и чудата“ поминаа одлично, со полна сала публика, меѓу кои имаше и деца и ворзасни, а за гостувањето се огласи и руската театарска критика:

„Театарот од Македонија ја претставува магичната земја на чудата, измислена од Луис Керол, како простор на сенки во кој актерите и куклите дејствуваат подеднакво. Просторот е длабок и подвижен, па дури и одеднаш, и покрај сите алогизми, станува разбирлив, тогаш со текот на времето сè не е толку едноставно - туку се забрзува, па замрзнува“, напиша Алексеј Гончаренко.

Учеството на Театар „Сенки и облаци“ одекна и во руските медиуми Вечерная Москва, Журнал Театр, Театрон, АртМосковия, Театрал, како и Руската новинска агенција ТАСС, кои објавија свои текстови за театарското гостување.

Гостувањето на претставата „Алиса и чудата“ во руската престолнина беше поддржано од Министерството за Култура на РСМ.

Традиционално, во ноември се одржуваше и „Сонот на облачето“ интернационален детски фестивал на театар на сенки, чие јубилејно 10-то издание организаторот Театар „Сенки и облаци“ го најавува за напролет, 2022 година. Ова е најстариот театарски фестивал за деца во нашата држава и единствен од ваков тип во југоситочна Европа.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Култура

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе