Тедрос: Пандемијата ќе заврши кога светот ќе одлучи, бидејќи сите алатки за борба против вирусот се достапни

Пандемијата на COVID-19 ќе заврши „кога светот ќе одлучи да стави крај“, бидејќи „сите алатки“ за борба против вирусот сега се достапни, рече во неделата шефот на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус, повторувајќи ги своите повици за поправедна дистрибуција на вакцината.

– Пандемијата ќе заврши кога светот ќе одлучи да ѝ стави крај, таа е во наши раце, сите потребни алатки ни се достапни, рече генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) на конференција во Берлин.

Тој изрази жалење што досега „светот не ги користел овие алатки паметно“ и нагласи дека со „речиси 50.000 смртни случаи во светот неделно, пандемијата е далеку од завршена“.

Шефот на СЗО зборуваше на свеченото отворање на „Светскиот самит за здравје“, годишниот собир на професионалци и политичари во Берлин.

Целта на СЗО е 40% од населението на секоја земја да се вакцинира до крајот на годината и 70% до средината на 2022 година. Тедрос редовно истакнува дека жали поради акумулацијата на вакцини против COVID-19 во богатите земји.

Според него, „тоа е можно само ако земјите и компаниите кои го контролираат снабдувањето ги претворат своите зборови во дела“.

– Земјите кои веќе вакцинирале 40% од населението, вклучително и Г20, мора да ги препуштат своите количини во испораката на вакцини на меѓународниот систем КОВАКС и Африканскиот фонд за набавка на вакцини (AВАТ) основан од Африканската Унија, рече Тедрос.

Тој додаде дека производителите на вакцини мора да го споделат своето знаење, технологии и лиценци и да се откажат од правата на интелектуална сопственост.

Шефот на Обединетите нации, Антониу Гутереш, во снимена видео порака, оцени дека „успехот на вакцините, развиени и пуштени на пазарот во рекордно време, е засенет од трагедијата на неправедната дистрибуција“.

– Сите нас нѐ загрозува национализмот и акумулацијата на вакцини, истакна Гутереш.

Тагови
реклама

Свет

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Пендаровски: Држава што преговара со ЕУ не смее да си дозволи лош изборен процес

Читај повеќе

Јакимовски: Најголема шета ѝ се прави на Македонија ако не се излегува да се гласа

Читај повеќе

Одзивот до 17 часот изнесува 44,18 отсто – за околу 9% повеќе во споредба со претходните претседателски избори

Читај повеќе

Одзивот до 15 часот е 35,89 отсто, најмалку гласале во Центар Жупа

Читај повеќе

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Читај повеќе
  • play_arrow

Одзивот до 13 часот е 26,35 отсто – најмногу гласале во Новаци, а најмалку во Врапчиште

Читај повеќе

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Читај повеќе

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Читај повеќе

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Читај повеќе