Телефоните на Samsung утре го добиваат ажурирањето на Android 13

Samsung работи напорно за да ги надгради своите флегшип уреди на најновиот Android, а според информациите кои стигнаа до нас, меѓу првите уреди ќе биде телефонот Galaxy A53 од средна класа.

Јужнокорејскиот гигант вети дека корисниците може да го очекуваат корисничкиот интерфејс One UI 5, базиран на оперативниот систем Android 13, во октомври, а се чини дека компанијата е подготвена да го исполни даденото ветување, бидејќи од Италија добиваме извештаи дека некои корисниците почнале да ја добиваат надградбата OTA (over-the-air).

Сопствениците на телефоните Galaxy S22 Ultra во Италија вчера почнаа да ја добиваат верзијата на фирмверот S908BXXU2BVJA, „тешка“ дури 2853,03 MB, која го вклучува и безбедносниот patch за октомври 2022 година. Доколку сакате детално да прочитате сè што е ново во ова ажурирање , дека тоа можете да го направите на веб-страницата samnews24, но доколку сакате пократка верзија, ние сме тука за вас - ова се новостите што ги донесе One UI 5:

Нови икони

Нов pop-up прозорец за дојдовни повици и известувања

Нов начин за прилагодување на уредот (заклучен екран, позадини, нов изглед на виџетите)

Оптимизација на продуктивноста (подобрен мултитаскинг, нова можност за извлекување и скенирање текст, оптимизирани Samsung Dex и Samsung Notes)

Оптимизиран рутински режим

Нов режим на спиење

Оптимизација на приватноста и безбедноста

Секако, оваа надградба на One UI 5, односно Android 13 не е ексклузивна за уредите Galaxy S22 Ultra, туку за целата серија Galaxy S22 и официјално ќе стигне до корисниците во Европа утре, понеделник, 24 октомври.

За жал, сопствениците на уредите Galaxy S21, Galaxy Z Flip 3 и 4 и Galaxy Z Fold 3 и 4 ќе мора да почекаат, но добрата вест е што нема да мора да чекаат премногу долго, бидејќи се очекува ажурирањето на One UI 5 да пристигнат на нивните уреди пред крајот на 2022 година.

Тагови
реклама

Софтвер

Android добива мноштво нови функции за пристапност

Read more

Instagram воведува ограничување од три хаштагови по објава

Read more

OpenAI тестира групен разговор за ChatGPT

Read more

Mozilla додава AI Window во Firefox за разговор со AI асистент

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Сега и никогаш повторно: Како да ја видите кометата 3I/Atlas кога ќе помине покрај Земјата?

Читај повеќе

Цените на RAM меморијата драстично се зголемија

Читај повеќе

Единствено во светот: Кратка историја за необичното знаме на Непал

Читај повеќе

ChatGPT годишно троши двојно повеќе струја од цела Македонија

Читај повеќе

Starlink и кинеските сателити речиси се судрија

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Новата гејмерска столица на McLaren чини 2.000 долари

Читај повеќе

Нов Android мaлвер ги заклучува телефоните и ги снима жртвите

Читај повеќе

Apple ги откри најпопуларните апликации за iPhone и iPad

Читај повеќе

Големи промени од 2026 година: Европска земја ги забранува социјалните мрежи за деца

Читај повеќе