Телефонот постојано ви е на полнач? Еве како можете да го смените тоа

Денешните Android смартфони доаѓаат со масивни екрани и напредни карактеристики што можат многу, многу брзо, да ја потрошат батеријата.

Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да го извлечете апсолутниот максимум од вашиот смартфон пред да мора да го ставите на полнач.

Android телефоните се променија: денес тие доаѓаат со потенoк профил, посветли екрани, побрзи процесори, еден куп позадински софтвер и побрз интернет. Сите овие фактори негативно влијаат на траењето на батеријата.

Што се однесува до софтверските решенија за овој проблем, Android знае да биде комплициран - секој производител има своја верзија на оперативниот систем, што значи дека некои карактеристики на еден телефон изгледаат и работат на еден начин, додека на другиот се скриени под еден куп менија. Земајќи го предвид сето ова, сè уште има начини на кои можете да го продолжите работниот ден на вашиот Android.

Вклучете го режимот за заштеда на енергија

Ако мислите дека батеријата нема да ви издржи уште тие неколку часа што ви се потребни, вклучете го режимот за заштеда на енергија. Повеќето телефони нудат повеќе од еден метод за заштеда, додека просечниот уред на Samsung има четири. Режимот со високи перформанси (High Performance) троши повеќе енергија од батеријата со зголемување на осветленоста и резолуцијата на екранот, додека оптимизиранииот режим (Optimized Mode) нуди компромис меѓу перформансите и траењето на батеријата.

Medium Power Saving троши помалку податоци и ја намалува осветленоста на екранот, резолуцијата и перформансите на процесорот. Префрлањето на Maximum Power Saving на енергија ќе го намали вашиот уред само на основните услуги и апликации.

Исто така имате опција за Adaptive Power Saving што помага автоматски да се регулира потрошувачката додека уредот ви е во џеб. На Андроид 10 се пристапува до режимите за заштеда на енергија со повлекување на прстот од горниот дел на екранот или со внесување на поставките.

Внимателно со потрошувачката на податоци

Потрошувачката на податоци на мрежа троши многу батерија, затоа ви предлагаме да користите Wi-Fi ако можете. Може да спречите вашиот телефон да троши сообраќај на податоци на LTE со исклучување на мобилните услуги сместени во брзите поставки. Еден прилично сигурен метод е активирање на режимот Airplane Mode што ги исклучува сите мрежни активности, освен поврзување со Wi-Fi. Бидете свесни дека, сепак, ќе го изгубите пристапот до СМС и повици.

Дали имате AMOLED смартфон? Обидете се со Dark Mode

Темниот режим (Dark Mode) изгледа навистина убаво и го намалува притисокот врз вашиот вид, но не троши помалку енергија освен ако користите OLED или AMOLED дисплеј. Може да го вклучите темниот режим во брзи поставки, како и во некои апликации што имаат посебни менија.

Исклучете го активното следење

Функциите како Bluetooth, NFC, видливосt на телефонот кај Samsung и другите услуги за локација одлично ја трошат вашата батерија. Ако сакате да ја заштедите батеријата, исклучете ги кога не ви требаат.

Исто така, нема да ви треба програмата за говорна асистенција. Ако вашиот Google Assistant е вклучен, одете во неговите поставки и деактивирајте го. Како прво, со тоа ќе го зауздате постојаното „шпионирање“ на Google во извршувањето на вашите активности и ќе заштедите неколку проценти од батеријата. Ако имате Samsung смартфон, задолжително исклучете го Bixby. Исто така, размислете за исклучување на рутински операции што извршуваат процеси што брзо ја трошат батеријата.

Намалете ја осветленоста на екранот

Екраните на паметните телефони никогаш не биле поголеми и посветли, но како што растат дијагоналите и пикселите, расте и нивната потрошувачка на енергија. Заштедете ја батеријата со одење во поставките и намалување на осветленоста: и очите, и батеријата ќе ви бидат благодарни. Ако не сакате рачно да ја прилагодите осветленоста, можете тоа да му го препуштите на вашиот паметен телефон. Влезете во поставки, намалете го времето за автоматско исклучување на екранот и заштедете неколку проценти од батеријата.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Мобилни

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Read more

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Read more

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Read more

HMD ги претстави Nokia мобилните 6310, 5310 и 230

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе