Telegram достигна 700 милиони активни корисници и воведе претплата

Telegram официјално објави какви поволности ги очекуваат оние кои сакаат да платат претплата.

Telegram на својот блог објави дека апликацијата за четување сега ја користат 700 милиони активни корисници. Компанијата ја искористи оваа прилика и официјално да објави Premium претплата.

Веќе подолго време слушаме за Telegram Premium претплатата, а чекањето конечно заврши. Telegram штотуку ја објави верзијата 8.8 за Apple App Store - овозможувајќи им на корисниците да го вкусат целосниот потенцијал на апликацијата за 4,99 долари месечно. Се очекува постојните функции да останат бесплатни. Сепак, оние кои сакаат да добијат некои примамливи нови додатоци сега ќе треба да плаќаат месечна претплата.

Додека ја пишувавме оваа вест ажурирањето сè уште не беше достапно на Google Play Store. Сепак, компанијата се стреми да објави големи ажурирања за сите платформи во текот на денов. Значи, можете да очекувате да видите нова верзија во рок од еден или два дена, доколку процесот на објавување оди без проблеми.

Целосната листа на Premium карактеристики вклучува:

  • 4 GB лимит за аплоадирање
  • максимална брзина на преземање датотеки
  • поврзување на 4 сметки
  • организирање на вашите разговори во 20 папки, со по 200 разговори
  • закачување 10 разговори на главната листа
  • резервација до 20 јавни t.me линкови
  • чување 400 омилени GIF и 10 омилени стикери
  • подолг био дел и можност за поставување линкови во него
  • подолги натписи за фотографии и видеа
  • транскрипција на глас во текст
  • ексклузивни стикери и смајлиња
  • премиум значка на профилот
  • поддршка за видео на профилот
  • без реклами
  • повеќекратни икони на апликацијата

Покрај придобивките од Premium, iOS верзијата 8.8 додава и некои функции за редовните и Premium корисници. Јавните групи сега поддржуваат барања за приклучување, има нова анимација при споделување големи датотеки од други апликации во Telegram, ботовите се подобрени, воведена е поддршка за ProMotion 120 Hz, како и закрпи за багови.

Овие нови функции ги наградуваат корисниците кои плаќаат, но исто така не се премногу примамливи за оние кои не би сакале да платат. Обичните корисници веројатно нема да се чувствуваат како да пропуштаат многу. Останува да се види дали значителен дел од корисниците ќе го игнорираат новиот Premium план или ќе се претплатат на него.

Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Софтвер

WhatsApp добива AI chatbot

Read more

Apple ја отвори App Store за емулатори на ретро игрици

Read more

Microsoft во цел свет ги одвојува Teams и Office

Read more

Instagram има скриена игрица - како да се најде?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе