Телевиса пресента: Продолжуваат ниските удари меѓу Шакира и Пике

Колумбиската пејачка Шакира гради ѕид за да го одвои својот имот од поранешната свекрва бидејќи нивните куќи се поврзани во некои области.

Камерите на една шпанска телевизија снимија мешалка за цемент како работи во близина на домот на славната пејачка.

Шакира претходно постави кукла вештерка вперена кон куќата на поранешната свекрва, мајката на фудбалерот Жерард Пике.

URL

Нејзиниот бизарен потег наводно го шокирал семејството на Пике, а вештерката набиена на метла прва била забележана од мајка му, која побарала куклата да биде отстранета, што пејачката одбила да го направи. Некои медиуми, пак, целиот овој случај го нарекуваат „шпанска сапуница“.

Минатата недела Шакира објави песна за Пике во која зборува за неговата измама. За само два дена песната собра над 86 милиони прегледи на YouTube и го собори рекордот како најстримувана латиноамериканска песна на оваа платформа во тој период.

Дополнително, се шпекулира дека Шакира ја открила аферата на Пике поради празна тегла со џем од јагоди. На интернет кружат гласини дека поп-ѕвездата дознала за изневерувањето на нејзиниот поранешен партнер откако ShowNews Today објави дека Пике, како и нивните деца Саша и Милан, не сакаат џем.

Ова е само продолжение на драмата за неверството на Пике, која се чини и двајцата ја користат максимално за публицитет и освојување на симпатиите на фановите.

Пике ја исмеа Шакира и нејзината најнова песна во која е директно критикуван за аферата со 23-годишната Клара Чиа Марти.

На TikTok беше објавена видеоснимка на која фудбалерот доаѓа на работа во Twingo, автомобилскиот бренд кој Шакира го употреби во песната како метафора за новата девојка на Пике.

 

@kingsleague ¡El presi ya está aquí! Todo listo para la #kingsleaguej3 ! #kingsleague #InfoJobs ♬ sonido original - Kings League

The Sun пишува дека Пике платил околу 9.000 евра за неговиот нов автомобил.

„Вредам колку две 22-годишни. Смени Ferrari за Twingo, смени Rolex за Casio“, пее Шакира во новата песна, алудирајќи на многу помладата девојка на бившиот, кој пак веднаш се пошегува дека станал заштитно лице на брендот Casio.

Шакира и Пике се разделија лани во јуни. Набргу потоа Пике беше фотографиран со Клара Чиа, вработена во неговата продукциска куќа. Иако фудбалерот одбиваше да дава изјави за новата романса, двајцата беа видени заедно неколкупати, а подоцна беше откриено дека нивната афера трае од 2021 година.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Музика

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Read more

Дејвид Бекам ги обедини „Спајс грлс“ за роденденот на Викторија

Read more

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Read more

Тејлор Свифт за прв пат на листата на милијардери на Forbes

Read more
 

Сцена

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе
  • play_arrow

Првиот трејлер за Deadpool & Wolverine ги одушеви фановите

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Netflix ги укинува сериите што ги сакаме?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џон Траволта и Николас Кејџ ќе снимаат продолжение на култниот Face/Off

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Дејвид Бекам ги обедини „Спајс грлс“ за роденденот на Викторија

Читај повеќе

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Читај повеќе