Тезги на паркинг за инвалиди во Аеродром

Кога „само сакаат да заработат“ станува изговор за кршење на туѓото право

Понекогаш најмногу за едно општество не зборува самата фотографија, туку реакциите под неа. Граѓанин фотографира узурпирано паркинг-место, укажувајќи дека просторот е наменет за лица со попреченост е претворен во импровизирана тезга, а во коментар се појавуваат „адвокатите на сиромаштијата“.

„Не ти смета што горивата се качија, ти смета човеков што заработува за леб?“

„Лејко празна, што им фали на овие производи?“

И тука се поставува едно многу непријатно прашање:

Како успеавме од проблемот „некој му го одзема правото на пристап на лице со попреченост“ да стигнеме до проблемот „зошто ги вознемирувате луѓето што продаваат“?

Никој не вели дека човек не треба да работи. Никој не вели дека сиромаштијата не постои. Никој не вели дека некој треба да остане без можност да заработи. Но „работи за леб“ не дава имунитет за кршење на правилата. А уште помалку е оправдување да се земе простор кој е конкретно наменет за една од најранливите категории граѓани.

Не е проблемот тезгата. Проблемот е кој е истуркан од тоа место.

Ова е суштината што дел од коментаторите, намерно или ненамерно, ја промашуваат.

Ако некој продава на импровизирана тезга, тоа е едно прашање. Ако притоа за својата тезга користи јавен простор, кој е издвоен за лица со попреченост, тоа е сосема друго прашање.

Наместо прашањето да биде: „Како е можно за тезга да се користи паркинг-место резервирано за една од најранливите категории граѓани?“, коментарите одат во сосема друга насока.

„Да те видат како сликаш ќе ти го скршат телефонот.“

Во Ново Лисиче проблемот со паркирањето не е нов. Жителите со години укажуваат на недостигот од паркинг-простор, а во јавни извештаи како проблем се споменуваат и возила на диви пазарџии кои зафаќаат места. Во меѓувреме, градот и општината почнаа со воведување и обележување на зонско паркирање, токму поради хроничниот хаос со паркирањето во овој дел од Аеродром.

Значи, кога граѓанинот реагира на конкретно зафатено место за лица со попреченост, тој не води „војна против сиромашните“. Тој прашува: Зошто баш ова место? Зарем лицата со инвалидитет немаат право да стигнат до маркет, продавница, амбуланта или друга институција?

Во целата дискусија, како потребата на инвалидите како автоматски да станува помалку важна од потребата на луѓето кои продават на паркинг местата. А токму тоа е суштината на дискриминацијата во секојдневието. Не мора некој експлицитно да каже „не ни требаат лицата со попреченост“. Доволно е со години да се толерираат постапки поради кои нивните права практично и да не постојат.

Кога јавниот простор е конкретно наменет за лица со попреченост, тој простор не смее да биде жртва на ничија егзистенцијална, комерцијална или политичка логика.

Затоа, прашање не е:

„Што ви сметаат луѓето што продаваат?“

Туку:

„Што ќе направиме кога утре на тоа место ќе дојде лице со попреченост, а неговото паркинг-место e претворено во тезга?

И уште нешто:

Дали постојат правила што важат за сите или доволно е некој доволно долго да крши правило за тоа да стане нормална појава? Затоа што - кога јавноста ќе престане да го гледа одземеното право на една ранлива група, а ќе се вознемирува само затоа што некој се осмелил да го фотографира проблемот, тогаш проблемот не е само во дивите пазарџии. Проблемот е во општество кое почнало да ја смета неправдата за нормална, сè додека не му се случи лично нему.

реклама

BYD гради автопат кон Европа: Нарачани уште 10 бродови за транспорт на над 2 милиона возила

Read more

Најголемиот должник во државава нема имот за наплата и не може да му се наплатат 14,87 милиони евра

Read more

Личната карта и возачката дозвола на телефон: Во октомври стартува апликацијата м.Услуги

Read more

До 34 степени за викенд: По посвежите денови, Македонија повторно ја очекува летна жега

Read more

Теми и коментари

Кога „само сакаат да заработат“ станува изговор за кршење на туѓото право

Read more

Никогаш чистено: Мизерни услови за новинарите на Националната арена Тодор Проески

Read more

Заборавениот Суперкуп

Read more

За прв пат во историјата во првата лига може да има само еден клуб од Скопје

Read more

Ново

Без дозвола, пијани и со туѓа регистрација: 13 возачи приведени низ Македонија

Читај повеќе

До 34 степени за викенд: По посвежите денови, Македонија повторно ја очекува летна жега

Читај повеќе

Чудо во Англија: Хал Сити испишува историја во Премиер лигата

Читај повеќе

Владата денеска ќе го намалува ДДВ-то за горивата

Читај повеќе

Нов напад во Ормус: Загрозено глобалното снабдување со нафта, Брент над 100 долари

Читај повеќе
  • filter

BYD гради автопат кон Европа: Нарачани уште 10 бродови за транспорт на над 2 милиона возила

Читај повеќе
  • filter

13 септември 1993: Потпишан бил израелско-палестинскиот мировен договор

Читај повеќе

Светот на Хомер: Археологијата го оживува светот на Илијада и Одисеја

Читај повеќе
  • play_arrow

Гатузо: Фудбалот без навивачи нема смисла, подобро е да си го прошеташ кучето

Читај повеќе