Наредната сезона втората лига може да биде половина скопска

Како што наближува крајот на сезоната во домашните лиги, така почнуваат да се исцртуваат контурите на изгледот на првите две лиги за наредната сезона, а особено интересно во моментов делува втората лига која може да биде исполнета со куп екипи од главниот град.

Наредната сезона втората лига ќе има помалку екипи од сегашните 16. Сега директно испаѓаат 5, а само една оди во првата лига, додека три екипи од првата лига ќе испаднат во втората. Дополнително, три екипи (9, 10 и 11 место) ќе играат бараж со петте победници на третолигашките групи. Бараж ќе играат и второ и третопласираните екипи, но со два прволигаша. Така, наредната сезона втората лига ќе брои 14 екипи.

Моментално во втората лига има само две екипи од Скопје и тоа Скопје од Автокоманда и Шкендија 77 од Арачиново. Арачиново е село во близина на Скопје, но таму нема стадион па Шкендија 77 натпреварите ги игра во населбата Синѓелиќ. И двете грчевито се борат за влез во првата лига, ја бркаат Брегалница која го држи првото место. Да замислиме сценарио во кое на крајот од сезоната ниту една од овие две екипи нема да заврши на првото место, а доколку како второ и третопласирани играат бараж ќе го загубат. Во такво сценарио Шкендија 77 и Скопје и наредната сезона би играле во втората лига.

1/14 Скопје (Автокоманда)
2/14 Шкендија 77 (Арачиново)

Одиме во првата лига. Таму веќе испадната е екипа на Шкупи од Чаир, која поради финансиски проблеми сезонава ја игра со младинци и руши негативни рекорди. Да замислиме (и се надеваме) дека Шкупи нема да се откаже од играње и ќе игра во втората лига наредната сезона, со каков и да е состав.

3/14 Шкупи (Чаир)

Во зоната за испаѓање во првата лига на три кола до крајот се Работнички од Дебар Маало и Македонија ЃП од Ѓорче Петров. И двете екипи имаат шанса да се спасат од директно испаѓање, но најмногу што можат е да играат бараж против второ и третопласираните од втората лига. Да замислиме сценарио во кое Работнички и Македонија ЃП ќе испаднат директно во втората лига.

4/14 Работнички (Дебар Маало)
5/14 Македонија ЃП (Ѓорче Петров)

Шампион на третолигашката група север, како што играат екипите од Скопје, е Еуромилк од Горно Лисиче. Оваа екипа има резервирано место во баражите за пополнување на втората лига. Таму за 4 места ќе се борат 8 екипи и тоа: три од втората лига и тоа Кожуф (Гевгелија), Тетекс (Тетово) и Саса (Македонска Каменица), и победниците на петте третолигашки групи и тоа: Борец (Велес), Камјани (Камењане), Влазними (Струга), Еуромилк (Скопје) и победникот на Истокот (Победа од Валнадово или Овче Поле од Свети Николе). Правилникот за бараж вели дека трите второлигаши не може да играат меѓу себе, што значи дека ќе има три натпревари второлигаш против третолигаш и еден дуел на два третолигаша. Да замислиме сценарио во кое Еуромилк е победник во баражот и обезбедува место во втората лига за наредната сезона.

6/14 Еуромилк (Горно Лисиче)

Така, дури 6 од 14 екипи наредната сезона во втората лига може да бидат скопски. Во спротивно, во првата лига би останала само една екипа, Вардар.

Дали ќе се оствари ова сценарио, за кое има реални шанси, останува да видиме прво по викендот 23-24 мај кога се игра последното коло во првата и втората лига, а потоа и по одигрувањето на баражите за пополнување на овие две лиги.

Шест е скопскиот рекорд

Нема да е прв пат шест скопски екипи да има во втората лига. Токму 6 имало и во сезоната 2007/2008, но тогаш втората лига броеше дури 18 екипи.

2007/2008 (6/18): Алумина (Карпош), Локомотива (Карпош), Маџари Солидарност (Маџари), Металург (Железара), Скопје (Автокоманда) и Слога Југомагнат (Чаир).

По шест имало и во уште неколку сезони, но тогаш втората лига била поделена на две групи (Исток и Запад) и нормално било да има далеку поголеми шанси да има повеќе екипи од главниот град. Такви примери се сезоните:

1993/1994 (6/14): Техноком (Горно Лисиче), Маџари Солидарност (Маџари), Металург (Железара), Работнички (Дебар Маало), Скопје (Автокоманда) и Шкендија (Арачиново);

1994/1995 (6/17): Македонија (Ѓорче Петров), Маџари Солидарност (Маџари), Металург (Железара), Работнички (Дебар Маало), Скопје (Автокоманда) и Шкендија (Арачиново);

1999/2000 (6/18) : Алумина (Карпош), Балкан (Чаир), Бутел (Бутел), Маџари Солидарност (Маџари), Скопје (Автокоманда) и Шкендија (Арачиново);

Тагови
реклама

Локално невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во наредните денови

Read more

Северна Кореја го пушти во акција разурнувачот Канг Кон од 5.000 тони

Read more

Американците распределија ракетни системи што може да досегнат до Москва

Read more

Шефицата на AfD: Има премногу доселеници кои само го користат германскиот систем за социјална помош

Read more

Теми и коментари

Кога „само сакаат да заработат“ станува изговор за кршење на туѓото право

Read more

Никогаш чистено: Мизерни услови за новинарите на Националната арена Тодор Проески

Read more

Заборавениот Суперкуп

Read more

За прв пат во историјата во првата лига може да има само еден клуб од Скопје

Read more

Ново

  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Мбапе: Секогаш се чувствувам како да сум најдобар во светот

Читај повеќе

Американците распределија ракетни системи што може да досегнат до Москва

Читај повеќе
  • play_arrow

Памела Андерсон за дијагнозата со хепатитис Ц: Тоа беше смртна пресуда

Читај повеќе

Шефицата на AfD: Има премногу доселеници кои само го користат германскиот систем за социјална помош

Читај повеќе
  • play_arrow

Снимен моментот кога украински дрон удира во станбена зграда во Русија

Читај повеќе

На полноќ се зголемуваат цените на горивата 

Читај повеќе
  • play_arrow

10 места што биле испразнети и напуштени преку ноќ

Читај повеќе

Незамислива промена се случи во германската Бундеслига

Читај повеќе