Росица, извини

Да, системот потфрли и уште една млада жена е убиена. Системот кој го гледаме како нешто надвор од нас, како туѓа творевина. Општеството од кое се гадиме и го отуѓуваме, со кое не сакаме да се идентификуваме. Системот и институциите потфрлаат веќе долго време и таму проблемите се бројни и комплексни, тука нема сомнеж. И одговорност мора да има.

Но, сè тргнува од нас како граѓани, како луѓе. Од тоа како го создаваме и одржуваме тој систем, од тоа како го храниме, од тоа што (не) очекуваме од него, но најмногу од тоа како ги третираме социјалните појави уште пред да се случи крајниот најнепосакуван исход – убиство.

Овој случај само уште еднаш потврди дека профилот на жртва и насилник не е хомоген, дека монструмите – како што сакаме да ги нарекуваме – се меѓу нас и ги храниме со гледање на другата страна, со неверување дека некој кој ни е близок би можел да биде способен за такви дела, со убедување дека родово базираното насилство е „приватен проблем“; и дека жртвата МОРА да биде совршена, таа мора да направи сè „како што треба“, да ги донесе сите правилни одлуки во животот, ама ете, „налетала на монструм“. Жртвата мора да биде безгрешна, а насилникот „монструм“.

А насилниците ги има во сите форми и облици, а оние за кои „просто не ни се верува“ се најголемите манипулатори, кои на почетокот на врската се слаткоречиви, грижливи, заштитинички настроени и посветени. Процесот на поткопување на самодовербата на пленот е внимателен, додека насилникот гради и одржува сосема поинаква слика за себе пред другите. Фактот дека многумина од нив добиваат заштита од својата средина - од тивко премолчување до отворено бранење - е уште една трауматична вистина. И конкретниот случај со Росица тоа го покажа болно јасно. Таа реагираше. Таа бараше помош. Таа не молчеше. А сепак, беше убиена. Од човек кој имал историја на насилно однесување, но сепак беше поддржуван, оправдуван, бранет од околината.

Тука стапуваме на сцена ние, другите. И ние сме одговорни кога не ѝ веруваме на „несовршената“ жртва, кога не ни се верува дека некој близок до нас е насилник, кога одлучуваме да не се мешаме бидејќи тоа „не е наш проблем“, кога не бараме одговорност од институциите кои ние ги сочинуваме и сме ги избрале.

Културата на оправдување на насилниците и сомневање во жртвите не е далечна и не е нечие туѓо зло. Таа е нашата реалност. Таа почнува од шеги кои минимизираат насилство, од родителски зборови кои ја префрлаат вината врз девојчињата наместо да ги учат момчињата на почит, од секојдневни „мали“ толкувања со кои жртвата е свртена кон огледало пред јавноста, а насилникот останува заштитен со тишина.

Животот се состои од избори и одлуки. Секојдневни. Да почнеме да ги правиме разумно и одговорно.

Оти ќе има уште Росици. Ама ја нема веќе Росица.

реклама

Колку овошје и зеленчук треба да јадеме дневно?

Read more

Со која состојка најлесно се чистат жолти дамки и маснотии од PVC прозорци?

Read more

Јужниот јазол денеска влегува во Лав: Голема животна промена за три хороскопски знаци

Read more

Која професија има најголем ризик од зрачење и канцер?

Read more

Теми и коментари

Никогаш чистено: Мизерни услови за новинарите на Националната арена Тодор Проески

Read more

Заборавениот Суперкуп

Read more

За прв пат во историјата во првата лига може да има само еден клуб од Скопје

Read more

Наредната сезона втората лига може да биде половина скопска

Read more

Ново

  • play_arrow

Гранада погодена од 7 земјотреси: Луѓето врескаа и трчаа

Читај повеќе

Ел Декано - клубот што одби да исчезне од фудбалската мапа

Читај повеќе

Трик за сечкање лук: Додадете малку од една состојка и сечкањето ќе биде многу полесно

Читај повеќе

Македонија меѓу земјите што воведуваат нови санкции против Белорусија по моделот на ЕУ

Читај повеќе

107 години од најголемо табу во фудбалот: Приказна за најлудиот трансфер на Олд Фирм

Читај повеќе
  • filter

18 август 1940: Најтешкиот ден од Битката за Британија

Читај повеќе

Утре сончево и топло, во деновите од викендот со дневна температура над 40 степени

Читај повеќе

Најголемите градови во Југославија - денес

Читај повеќе

Утре ќе нема струја во делови од општините Сопиште и Ѓорче Петров

Читај повеќе