Скопје, разбуди се, денеска е Светскиот ден без автомобили

Понеделник, 22 септември, се одбележува како Светски ден без автомобили.

Станува збор за глобална иницијатива која има за цел да ја подигне свеста за влијанието на прекумерната употреба на автомобили врз секојдневниот живот и животната средина.

Во 2024 година, во светот се регистрирани 1,45 милијарди возила, претежно бензински и дизел, а предвидувањата велат дека овој број ќе достигне две милијарди до 2035 година, според италијанската новинска агенција ANSA.

Со текот на годините, во многу градови се организирани еколошки акции и „денови без автомобили“, а во 1994 година Европската комисија официјално ја поддржа иницијативата „Градови без автомобили“.

Минатата година беа вклучени 71 град во Италија, со бројни активности како што се групни прошетки, спортски настани и состаноци, истакнувајќи ја важноста на намалувањето на загадувањето и промовирањето на одржлив транспорт.

Оваа иницијатива датира од 1970-тите, кога нафтената криза доведе до воведување повремени сообраќајни метежи.

Првата земја што го забрани сообраќајот во одредени денови беше Исланд, во 1973 година, а наскоро и Италија се придружи на неа со систем на наизменичен сообраќај според регистарските таблички.

Скопје не е на мапата

Иако во многу европски и светски метрополи Светскиот ден без автомобили претставува вистински симболичен и еколошки чин, во Скопје речиси и да не се забележува никаква активност поврзана со него. Главниот град на Македонија со години наназад се соочува со хаотична и нефункционална сообраќајна слика која никако не соодветствува на вакви сознанија и иницијативи. Улиците се пренатрупани со автомобили, редовните сообраќајни метежи се секојдневие, а загадувањето предизвикано од сообраќајот редовно го става главниот град на Македонија на врвот на листите на најзагадени градови во Европа. Наместо да се вложуваат напори за обележување и промоција на денови кои поттикнуваат одржлив транспорт, во Скопје сè уште доминира автоцентричниот пристап, каде градот се уредува исклучиво според потребите на возачите.

Недостатокот на вистинска стратегија за јавен превоз е една од најочигледните последици на ваквиот модел. Градот има автобуси кои се често застарени, нередовни и не може да се потпрете на нив за секојдневен транспорт, а ветувањата за воспоставување модерен брз автобуски систем остануваат само на хартија. Во вакви услови, многу скопјани се принудени да користат сопствени возила, што дополнително го зголемува притисокот врз улиците и паркинг-просторот. Сето тоа создава маѓепсан круг на зависност од автомобилите, при што луѓето немаат вистинска алтернатива за чист, брз и економичен јавен транспорт.

Критички гледано, Скопје не само што не прави напор да ја искористи симболиката на Светскиот ден без автомобили, туку и отсуството на каква било јавна дебата околу алтернативни решенија го покажува недостигот на политичка волја за промена. Во градови како Љубљана или Будимпешта, локалните власти го користат овој ден за да ги промовираат велосипедските патеки, пешачките зони и јавниот транспорт како вистински алтернативи. Во Скопје, пак, велосипедистите и пешаците сè уште се во втор план, со недоволно инфраструктура, небезбедни услови и апсолутна доминација на автомобилите.

Дополнителен проблем е и урбанистичкото планирање кое во изминативе две децении постојано генерира нови градежни зони без соодветно да се мисли на мобилноста. Се гради на сметка на зеленилото, се прошируваат булевари за да соберат уште повеќе автомобили, а јавниот простор за луѓето се сведува на минимум. Така, Светскиот ден без автомобили во главниот град не може да добие вистинска тежина, бидејќи не постои системска поддршка за културна и инфраструктурна промена.

Пораката која ја испраќа Скопје е спротивна на онаа што денешниот датум ја носи – наместо охрабрување за алтернативи, градот ја нагласува апсолутната зависност од моторизиран превоз. Сè додека градот останува автоцентричен, сообраќајниот хаос и загадувањето ќе останат секојдневна реалност. За да стане дел од европските градови кои активно ја промовираат иницијативата, Скопје мора да започне радикално поинаков пристап: инвестиции во јавен транспорт, изградба на велосипедска мрежа, зголемување на пешачките зони и, пред сè, политичка волја за современи политики за урбана мобилност. Само така главниот град ќе може да биде дел од цивилизациската промена кон поздрава животна средина и град за луѓето, а не само за автомобилите.

реклама

Кој ќе биде најдобриот месец во 2026 година за вашиот хороскопски знак?

Read more

Само тројца играчи на Реал не се збогуваа со Чаби

Read more

Аматер го победи најдобриот тенисер во светот и освои милион долари

Read more

Кина ги проби границите на фузијата: Вештачкото сонце го доближува човештвото до неисцрпна чиста енергија

Read more

Теми и коментари

Божиќ или Божик?

Read more

Да им се фатите на младите

Read more

Скопје, разбуди се, денеска е Светскиот ден без автомобили

Read more

Росица, извини

Read more
 

Ново

  • play_arrow

Искрен трејлер за Freddy vs. Jason

Читај повеќе

Rockstar Games ги забранува мисиите во GTA Online поврзани со атентатот на Чарли Кирк

Читај повеќе

И Македонија на листата на земји во кои САД ја запираат обработката на имигрантски визи

Читај повеќе
  • play_arrow

Мане со еврогол ги исфрли Салах и Египет, Сенегал е финалист на АФКОН

Читај повеќе

Колач ден и ноќ идеален за Свети Јован

Читај повеќе

Ужасна несреќа во Тајланд: Кран падна врз воз, триесетина загинати

Читај повеќе
  • filter

14 јануари 2005, сондата Huygens го направила најдалечното слетување од Земјата

Читај повеќе

САД го запира издавањето визи за 75 земји

Читај повеќе

Храна што треба да се избегнува и консумира за време на бременост

Читај повеќе