Згреши ли Седлоски со Трајковски и Миовски?

Репрезентацијата деновиве ја тресат внатрешни немири откако некои играчи по само еден меч под новиот селектор изразија незадоволство и одлучија да си заминат.

Александар Трајковски (лево) и Бојан Миовски (десно); Фото: ФФМ

Новиот селектор Гоце Седлоски имаше неславно деби кога во Копенхаген доживеа дебакл во полифиналниот мундиајлски бараж губејќи со 4:0 од Данска, од противник кој се мачеше да состави стратни 11 поради еден куп повредени првотимци. Резервистите на Данска за 10 минути во вториот дел ја средија Македонија набрзина постигнувајќи три гола, па сега ќе играат финален бараж.

Седлоски изненади многумина со одлуката во нападот да почне со Елмин Растодер и Лирим Ќамили, а на клупата ги остави Бојан Миовски, до вчера стандарден стартер, и Александар Трајковски, херојот од Палермо кој има дури 98 настапи во црвениот дрес.

Изненади многумина, но веројатно не ги изненади оние добрите познавачи на фудбалската игра. Веројатно многу тренери на негово место би го направиле истото. Седлоски по натпреварот објасни зошто се одлучил за таков потег. Едноставна и многу фудбалска причина: Растодер и Ќамили играат стандардно во своите клубови, а додека Миовски и Трајковски не.

Ако ја погледнеме статистиката на секој од нив четворица, бројките говорат многу. Тука се крие причината за одлуката на Седлоски.

Елмин Растодер

Растодер е всушност во моментов наш најдобар напаѓач. Статистиката тоа го говори. Во најдобрата швајцарска лига сезонава на 30 натпревари има постигнато 12 голови и 5 асистенции и е еден од најзаслужните што Тун е изненадување на сезоната, закован на првото место со дури 15 бодови предност пред второпласираниот Сент Гален. Но, не се само головите, Растодер дури 26 пати бил стартер.

Лирим Ќамили

Ќамили игра за тимот на Сендерјиске во најдобрата данска лига. Роден е и израснат токму во Данска и зборува дански. Но, тоа што на терен ја разбира комуникацијата на Данците не е пресудната причина зошто Седлоски се одлучил тој да биде во нападот. Ќамили сезонава има одиграно 20 натпревари во данската лига и куп и постигнато 5 голови со 1 асистенција. Претходно сезонава не беше редовен, но последните 6 натпревари пред репрезентативниот настап е стартер играјќи по 90 минути, освен еднаш кога го извадиле во 86. минута. Не ја има статистиката на Растодер, но не ја има ниту на Миовски и Трајковски.

Александар Трајковски

Трајковски цела есен беше без клуб, а во декември потпиша со хрватскиот прволигаш Локомотива од Загреб. Досега одигра 10 натпревари (9 во лигата и 1 во купот) и постигна 1 гол и запиша 2 асистенции. Откако во јануари трипати беше стартер, од февруари до репрезентативната пауза одигра само 4 натпревари од кои два како стратер и два како замена, играјќи вкупно 235 минути од можни 610.

Бојан Миовски

Миовски сезонава за шкотскиот гигант Ренџерс има 24 натпревари со 4 голови и 1 асистенција, а има и 8 меча во Лига Европа со 1 гол. Но, во 2026 година Миовски само двапати беше стартер за Ренџерс во шпкотската лига, двапати доби по 32 односно 45 минути како замена, а останатите 6 настапи му се со по помалку од 10 минути. Навистина, во шкотскиот ФА куп на два натпревара постигна 4 голови, но противниците беа нисколигаши, а резултатите 5:0 и 8:0. Наредната рунда против Селтик не доби шанса да игра иако четвртфиналето траеше 120 минути.

Веројатно Седлоски верувал дека на важен натпревар како баражот треба да играат најподготвените играчи. На крајот, тој е селектор и тој го има последниот збор, но и тој прв одговара за постигнатите резултати. Негово право е да истрча со играчите што смета дека се најподготвени и можат физички да одговорат на играта која ја негуваат данските фудбалери.

Одлуката за првите единаесетмина не ја прими најдобро Трајковски, кој одлучи да се повлече од репрезентацијата. Во пораката што ја објави, меѓудругото, вели: „Во изминатиот период чувствувам дека мојот труд и залагање не беа доволно вреднувани.“ Во секој случај, штета што ова го направи на два меча од клубот 100. Со оглед на тоа што во вторник мечот со Ирска е пријателски, Седлоски веројатно ќе им даде шанса на сите оние што не играа против Данска. Трајковски би го запишал 99-тиот настап и во јуни со стотка би можел како легенда да се прости од репрезентацијата.

„Александар Трајковски не беше задоволен што не започна во првиот состав, но во овој момент сметам дека физички не е на нивото потребно за да одговори на барањата на ваков натпревар. Нашиот план беше, доколку има потреба, Трајковски да добие шанса во завршницата, но текот на натпреварот не го наложи тоа. Нема причина некој да се чувствува навреден“, објасни Седлоски за одлуката Трајковски да не настапи.

Миовски исто така бил незадоволен. Тој против Данска влезе во игра во 64. минута, кога резултатот веќе беше 3:0. Неговото незадоволство, како што кажа Седлоски, е поради тоа што не бил стартер. Тој сепак не објави дека се повлекува од репрезентацијата, туку нема да биде во комбинација против Ирска. Неговиот Ренџерс побарал од ФФМ тој да биде ослободен. Бидејќи се работи за официјален ФИФА термин, ФФМ не е обврзана да го прифати барањето на клубот, но кога веќе самиот играч сакал да замине, тогаш најдобро за трите страни е тој да биде ослободен. Воедно, и клубовите на капитенот Енис Барди и Исник Алини, Конјаспор и Далјен Инбо, исто побарале тие двајца да бидат ослободени од пријателската, но самите фудбалери одлучиле да останат во репрезентацијата.

„Слична беше ситуацијата и со Бојан Миовски, кој исто така не беше задоволен што не започна, но мора да се прифати дека во репрезентацијата има 23 фудбалери и никој нема загарантирано место во почетниот состав“, дообјасни Седлоски.

И во целата оваа ситуација со правдање на изборот на селекторот забораваме на уште еден напаѓач. Милан Ристовски е во репрезентацијата, беше на клупата против Данска и не доби шанса да игра. Тој сезонава за својот клуб има 25 натпревари во најдобрата лига на Чешка со 2 постигнати гола и 1 асистенција, а во последните 5 натпревари е стартер. Неговата слаба голгетерска форма е веројатно причината што Седлоски го острави на клупата. Но, Ристовски тоа го прими најспортски и најколегијално, не бунејќи се и чекајќи си ја шансата, кога селекторот ќе одлучи да му ја даде.

Сѐ на сѐ, во репрезентација не игра реноме, ни педигре, играат во моментот најдобрите. Ако еден Серхио Рамос со дури 180 натпревари за Шпанија можеше да не биде викнат за Мундијалот во Катар 2022, на негово огромно разочарување, а бидејќи селекторот сметаше дека на неговата позиција има подобри играчи во моментот, тоа е само еден пример кој покажува дека местото во репрезентацијата никому не му е загарантирано, туку дека тоа состав кој во секој момент е подложен на промени.

А, кој е во право меѓу Седлоски од една и Миовски и Трајковски од друга страна, времето ќе покаже. Во меѓувреме двата милиона „селектори“ во државава ќе носат сопствени заклучоци и долго ќе дебатираат „што би било, ако би било“.

реклама

Морнарите заглавени во Ормутскиот Теснец почнаа ментално да попуштаат

Read more

Кина создаде ново оружје: Испукува до 2.000 куршуми во минута и не користи барут

Read more

Непријатни несакани ефекти што астронаутите на Artemis II ќе ги доживеат на Земјата

Read more

Новак Ѓоковиќ почна да јаде месо

Read more

Теми и коментари

Згреши ли Седлоски со Трајковски и Миовски?

Read more

Може ли двојна титула како второлигаш?

Read more

Дали жените и девојките во Македонија беа безбедни во 2025 година?

Read more

Фудбалски приказни: Калчолигаши што играле во Македонија

Read more
 

Ново

Карактеристики на родителите кои се блиски со своите возрасни деца

Читај повеќе

Кој треба да избегнува да јаде јагнешко месо?

Читај повеќе
  • filter

11 април 1814, Наполеон абдицирал и заминал во егзил на Елба

Читај повеќе
  • play_arrow

Бензинот поевтинува за 1,5 денар, дизелот за 2,5 денари, рече Мицкоски

Читај повеќе

ФИФА ги назначи судиите за Светското првенство

Читај повеќе

Европа се празни: Поразителна мапа на фертилитет

Читај повеќе
  • filter

Кина создаде ново оружје: Испукува до 2.000 куршуми во минута и не користи барут

Читај повеќе
  • play_arrow

Непријатни несакани ефекти што астронаутите на Artemis II ќе ги доживеат на Земјата

Читај повеќе
  • play_arrow

Новак Ѓоковиќ почна да јаде месо

Читај повеќе