Тениските ѕвезди се обидоа да зборуваат арапски, Ѓоковиќ кажа најмногу

Најдобрите светски тенисери моментално се во Катар, каде ќе се натпреваруваат на АТП 500 турнирот во Доха, а по тој повод добија можност да се претстават и да откријат што можат да кажат на арапски јазик.

Најголема ѕвезда на турнирот во Доха ќе биде Новак Ѓоковиќ, кој успешно се опорави од повредата. Српскиот тенисер се здоби со повреда на Австралија опен, но успеа да се врати по само еден месец.

Ѓоковиќ по пристигнувањето во Доха успеа да приреди шоу заедно со колегите од тениската елита. Организаторите им дадоа можност на тенисерите да се претстават со зборовите што ги знаат на арапски.

Покрај Ѓоковиќ, во арапска облека беа облечени и Карлос Алкарас, Григор Димитров и Стефанос Циципас, а четворицата се обидоа да кажат по некој збор на арапски.

Секако, Ѓоковиќ беше најголемиот хит и успеа најмногу зборови да каже на арапски.

„Мерхаба, иншалах, алхамдулилах“, беа зборовите на Ѓоковиќ кои предизвикаа воодушевување кај арапските фанови во коментарите на социјалните мрежи.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Qatar Tennis (@qatartennis)

Инаку, Ѓоковиќ е познат по тоа што се претставува на локалниот јазик каде и да се појави на турнирите. Така се здоби со симпатии од навивачи од Кина до Италија.

Ѓоковиќ зборува англиски, шпански, германски, италијански, француски и руски, а повремено покажува и познавање од кинески.

реклама

Тенис

Ѓоковиќ во група со Алкарас на Завршниот Мастерс во Торино

Read more

Јаник Синер потврди дека е во врска со прекрасната Босанка Лајла Хасановиќ

Read more

Синер: Ако се снима филм за мене би избрал да ме глуми Вил Смит

Read more

Ѓоковиќ е свесен дека повеќе не може: Како воз да ме прегазил, некој да ми позајми помладо тело?

Read more
 

Спорт

Парадокс на Итихад: Вториот најдобар стрелец на Сити не ни игра за Граѓаните

Читај повеќе

Познато е кој ќе игра во НБА Европа

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ ги уништи Вориорс, одигра уште еден феноменален меч

Читај повеќе

Албанската одбојкарска федерација бара од бразилска репрезентативка да докаже дека е жена

Читај повеќе

Одреден е датумот на жрепката за плејофот за СП – Македонија е блиску до место во баражот

Читај повеќе

„Протекоа“ информации од клубот: Холанд догодина во Реал Мадрид?

Читај повеќе

Роналдо откри зошто не беше на погребот на Жота

Читај повеќе

Скандал го тресе турскиот фудбал: Притвор за 17 судии

Читај повеќе

Еден месец ги чини 40.000 евра – клубот го моли Депај да го напушти хотелот

Читај повеќе