Тепаниот Пендиков ќе добие живеалиште во Бугарија и бугарско државјанство

Техничкиот министер за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков, денеска на прес-конференција соопшти дека секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис III“ во Охрид, Христијан Пендиков, кој со бугарски владин авион беше пренесен во Бугарија по инцидентот во Охрид при кој се здоби со повреди, во најбрз можен рок ќе добие бугарско државјанство, јави БНТ.

Пендиков, кој вчера беше отпуштен од Воено медицинската академија во Софија, како што кажа Милков, ќе добие и времено живеалиште, додека престојува во Бугарија. Тој, според Милков, „се плаши за својот живот“ ако се врати во земјава и затоа се размислува и опцијата да му се даде и лично обезбедување.

Милков, како што пренесе БНТ, оценил дека „и покрај напорите да бидат одмрзнати односите меѓу Северна Македонија и Бугарија, засега нема успех“.

– Обидите за надградување и за смирување на односите меѓу Бугарија и Северна Македонија всушност беа минирани од конкретни дејствија на властите во Скопје. Тоа се разбира, одбележува една нова уште пониска точка во нашите односи, изјавил Милков.

Синоќа Пендиков во претседателската резиденција беше примен од бугарскиот претседател Румен Радев, кој порача дека бугарската држава „нема да трпи насилство врз Бугарите во Република Северна Македонија и врз своите државјани и ќе ги искористи сите национални и меѓународни инструменти за заштита на нивните права“.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе