Терапијата на двата лека дава резултати, но најтешката форма на коронавирусот тешко се третира

Терапијата од комбинацијата на двата лека дава резултат во третманот на пацинети од коронавирусот. За користењето на крвната плазма подготвен е протоколот и се работи на нејзино техничко подготвување, а кај пациентите со најтешка форма на оваа болест кај сите досегашни лекувања и покрај дадената терапија за жал нема резултати.

Ова го истакна министерот за здравство Венко Флиличе на денешната прес-конференција одговорајќи на новинарски прашања.

-Може да кажам дека во нашето искуство, во секојдневната комуникација со инфектолозите, со анестезиолозите кои работат со нашите инфектолози на Клиниката за инфективни болести во одделот за интензивна нега, оваа најтешка форма на болест, и покрај сите преземени мерки, многу тешко може да се третира и за жал пациентите и покрај сите интензивни мерки на терапија, на лекување, на супортивна терапија, антибиотска и секоја друга терапија што доаѓа во предвид за други органи и органски системи, не само за белите дробови, за жал не дава резултат, рече Филипче во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

Сепак како што појасни, терапијата составена од комбинација од двата лека, а која се дава на Инфективната клиника, дава резултати. Појасни и дека протоколот за крвната плазма е завршен од страна на специјалистите во Инстутот за трансфузиона медицина и во моментов се работи на нејзино техничко подготвување.

-Терапијата дава резултати, добар дел од пациентите веќе се пуштени на домашно лекување, сите тие кои беа и кај кои беше индицирано давањето терапија и за кои рефериравме дека се пуштени дома од Инфективната клиника ја примаа терапијата, рече Филипче.

Како што појасни, колегите на трансфузија се подготвени технички да го изработат одделувањето на плазматата, односно фракционирањето, а потоа ќе биде идницирано да се даде на одредена група на пациенти, согласно параметрите и начинот на манифестација на болеста.

Филипче додаде и дека денеска официјално се обратиле до Јапонската амбасада за донирање на една форма на антивирусен лек односно дополнителна терапија како помош за сите земји.

-Во однос на дополнителна терапија ги пратиме светските трендови и очекуваме да стигнат и после формализирањето да документите, делот од терапијата што доаѓа преку студијата од светската здравствена организација денеска се обративме и официјално до Јапонската амбасада заради тоа што Јапонија најави деќа ке донира една форма на антивирусен лек како помош за сите земји, рече Филипче.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Read more

Села оди во коалиција со Ахмети

Read more

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Read more

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе