Термичкото решение Dahua поддржува превенција и контрола на епидемијата на COVID-19

2020 година сигурно ќе остане запаметена по појавата на вирусната болест корона (COVID-19) на глобално ниво. До денес, високозаразната болест одзеде многу животи, особено во Италија, Шпанија, Кина, Јужна Кореја, Јапонија и некои држави од Блискиот Исток.

„Dahua Technology“, водечка светска компанија за видеонадзор, е ран учесник во превенцијата и контролата на епидемијата, придржувајќи се на глобалните напори во борбата против вирусот со цел да се намали влијанието врз човештвото. Откако на 24 јануари ја прати својата прва серија термички камери во најтешко погодениот Вухан, термичкото решение Dahua е поставено на илјада места во Кина, вклучувајќи аеродроми, трговски центри, банки и разни други локации. Денес тоа решение може да се најде на дури два големи европски аеродроми, во Турција и во Полска.

Dahua – термичко решение за мерење на температура на човековото тело

Термичкото решение Dahua функционира на тој начин што ја мери телесната температура на далечина и бесконтактно. Споредено со традиционалниот начин на мерење телесна температура – со термометар на челото – со употребата на термичкото решение Dahua значително се подобруваат брзината и точноста, а истовремено бесконтактното мерење помага и во намалувањето на вкрстените инфекции. За мерење температура кај 5.000 луѓе, потребни се околу 4,2 часа со термометар, затоа што се потребни најмалку 3 секунди за мерење по лице. Меѓутоа, доколку го користите термичкото решение Dahua, потребни се само 30 минути, кое мери температура кај 3 лица во секунда. Исто така, се одликува со голема точност од ± 0,3 ℃.

„Термичкото решение Dahua ни помогна да откриеме неколку сомнителни случаи во само неколкучасовна работа, што особено го цениме“, коментира корисник од Хонгконг.

Термичкото решение Dahua се наоѓа на првата линија на фронтот и помага во спречувањето и контролата на епидемијата на аеродромите, железничките станици, болниците, училиштата и други места ширум светот. Благодарејќи на големата прецизност, високата ефикасност, силната приспособливост и едноставната примена, термичкото решение Dahua може да се користи при сите типови влезови и излези, како, на пример, на кујни и градинки.

За компанијата „Dahua Technology“

„Zhejiang Dahua Technology Co., Ltd“ е водечка светска компанија за видеонадзор. Во 2019 година го зазеде второто место на листата „Security 50“ формирана од страна на „A & S international“. „Dahua Technology“ е посветена на нудење најквалитетни решенија и производи во согласност со најновите технологии, со цел да им овозможи успешно работење на крајните корисници. Компанијата вработува висококвалификувани R&D инженери и технички персонал, кои работат на развојот на висока технологија на полето на леќи за камери, сензори за слики, кодирање и пренос на видеозапис, графичка обработка, видеоаналитика, сигурност на софтвер, мрежна безбедност и други технологии. 

За повеќе информации посетете ја www.dahuasecurity.com и заследете нè на социјалните мрежи:

Facebook: Dahua Technology Makedonija
Twitter: Dahua Technology
YouTube: Dahua Technology Srbija
LinkedIn: Dahua Technology Srbija

*Промотивен текст

реклама

Америка е на раб на граѓанска војна, полицијата клекна пред демонстрантите

Read more

Објавено уште едно видео од бруталното однесување на полицијата кон Џорџ Флојд

Read more

Што се знае за полицаецот кој го уби Џорџ Флојд?

Read more

На Меланија не ѝ е дојдено до смеење

Read more

Живот

Што другите луѓе мислат за вас според вашиот хороскопски знак?

Read more

Што се знае за полицаецот кој го уби Џорџ Флојд?

Read more

Родната куќа на Хитлер ќе стане полициска станица

Read more

На Меланија не ѝ е дојдено до смеење

Read more

Магазин

За што лажат мажите кога станува збор за сексот?

Читај повеќе

Што другите луѓе мислат за вас според вашиот хороскопски знак?

Читај повеќе

Што се знае за полицаецот кој го уби Џорџ Флојд?

Читај повеќе
  • play_arrow

Родната куќа на Хитлер ќе стане полициска станица

Читај повеќе
  • play_arrow

Колку протеини треба да внесувате дневно?

Читај повеќе
  • play_arrow

На Меланија не ѝ е дојдено до смеење

Читај повеќе
  • play_arrow

Бизарна масажа со месарски ножеви - дали би ја пробале?

Читај повеќе
  • filter

И ѕвездите протестираат против полициската бруталност и расизмот во САД

Читај повеќе

Идеја за појадок: Мафини со сирење и сушени домати

Читај повеќе