Термо-камера и на аеродромот во Скопје како превентивна мерка за заштита од корона вирусот

Скопје, 27 јануари 2020 (МИА) – Термо-камера функционира и на скопскиот аеродром, како и на другите аеродроми во регионот, за да регистрира дали некои патници кои долетуваат од Дубаи или Истанбул – места кои имаат директна транзитна поврзаност со областа во Кина, имаат висока температура и други симтоми на корона вирусот. Први кои беа скенирани се дел од патниците во авионот од Дубаи.

Лекари од Центарот за јавно здравје Скопје се наоѓаат на аеродромот каде ќе им прават преглед на пациенти кај кои ќе се детектираат симптоми. Ако се покаже сомнение на повисока температура ќе имаат посебен третман, односно екипа од аеродромот ќе ги интервјуира во заштитна облека, дали доаѓаат од Вухан или околината и доколку се покаже дека имаат било каква симптоматологија ќе бидат тргнати во изолација. Тие што немаат симпоматологија ќе бидат упатени дома, но ќе им биде даден телефонски број и доколку има какво било зголемување на симптоматолигјата со респираторно заболување ќе се јават.

– Кога доаѓаат патниците доколку се во период на инкубација можно е да не покажат зголемена температура, а да бидат носители на вирусот. Ова е само еден дел од превентивните мерки што не значи дека и тука ако не регистрираме зголемена температура дека можеби нема патник кој е носител на корона вирусот. Зголемена температура може да се има не само од корона вирус, туку и од грип, сега е сезона на грип и други респираторни инфекции. Пациентот детално се испитува се зема епидемиолошка анамнеза се носи во соба за изолација доколку се смета дека постојат какви било сомневања дека можно е да има инфекција со корона вирус, се вика амбулатно возило и се проследува до Инфективната клиника, изјави доктор Марија Гочевска од Центарот за јавно здравје Скопје.

Според последните податоци, во кинескиот град Вухан се регистрирани 2.800 заразени од корона вирусот, а 81 досега се починати, додека 300 се во критична состојба. Во Пекинг попладнево е регистриран првиот смртен случај од корона вирусот. Не се регистрирани жртви надвор од Кина. Најмалку 40 заразени од вирусот има во повеќе други држави.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Македонија

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Read more

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Read more
 

Вести

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе