Тешка сообраќајна несреќа на Пониква, загина девојче

Едно лице загина, а две се потешко повредени во тешка сообраќајна несреќа што околу три часа по полноќ се случи во месноста Аеродром на Пониква.

Патничко моторно возило „фолксваген туарег“ со бугарски регистерски таблички, кое се движело во правец на Кочани, наместо да сврти десно кон градот, продолжило право и излетало во бездната висока неколку десетици метри.

– Изутринава околу 3:15 часот добивме повик за интервенција за спасување повредени лица од сообраќајната несреќа кај Аеродромот, при што од превртеното возило извлековме безживотно тело на девојче кое настрадало на лице место. Другите две лица, момче и девојче кои се здобиле со потешки повреди беа префрлени со возило на итна помош во кочанската болница. Поради специфичноста на стрмниот терен и можноста возилото дополнително да излизга, бевме принудени да го осигураме со јажиња, истaкна Благој Паунов, командир на Територијалната противпожарна единица од Кочани.

Трите лица кои се наѓале во превртеното возило се од кочанскиот регион и се на приближно иста возраст.

Увид на местото на настанот извршија јавен обинител и екипа од Полициската станица од Кочани. 

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Хроника

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Read more

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Read more

Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош

Read more

Возач од Скопје удри малолетник, детето со тешки повреди пренесено во Градската општа болница

Read more
 

Вести

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Читај повеќе

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Читај повеќе

УЈП: До 26 април продолжен рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите

Читај повеќе

Фон дер Лајен: ЕУ мора да почне да користи приватен капитал

Читај повеќе

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Читај повеќе