Тешко со нив, уште потешко без нив: Хороскопски знаци со кои не е лесно да се биде во врска

Припадниците на овие три хороскопски знаци имаат многу квалитети и доблести, но е вистински предизвик да се биде во нивно друштво. Уште потешко е да бидете во врска со нив.

Нивните позитивни страни се толку силни и привлечни, па ако научите да живеете со нивните специфични каприци, ќе имате долга и убава врска со нив.

БИК

Претставниците на овој хороскопски знак се силни, амбициозни и истрајни, но понекогаш и доволни сами на себе. Така и се однесуваат и тешко може да се влезе во нивниот свет.

Ретко бараат помош бидејќи тоа го сметаат за знак на слабост, па така се однесуваат и со партнерот – често знаат да ги занемарат потребите на другиот.

Од друга страна се верни и посветени партнери и често покажуваат љубомора и посесивност.

Токму затоа, луѓето во врска со Бик често може да се прашуваат дали се ставени пред некаков тест или предизвик.

ДЕВИЦА

Девиците се паметни, друштвени и многу интересни личности. Но, само за оние кои тие ги избрале за свое друштво.

Најголем проблем кај нив е што тешко ги покажуваат чувствата, па и во семејните и љубовните врски знаат да се пресметани и практични.

Многу е тешко да се утврди што сакаат, што им се допаѓа, што би ги направило среќни.

Во врска со Девица треба многу трпение, па ако успеете да ја пробиете бариерата и да поставите канал за комуникација што ќе функционира долгорочно, ќе добиете верен партнер кој ќе направи сѐ за саканата личност и за семејството.

ВОДОЛИЈА

Водолиите се многу независни и ретко влегуваат во долги врски. Тоа јасно го ставаат до знаење од почеток, што е многу доблесна карактеристика.

Но, кога ќе се заљубат - заљубени се. Сакаат предизвици и интелигентни партнери кои постојано ќе им ја држат љубопитноста на високо ниво, ќе имаат интересни теми за разговор и ќе одат заедно со нив во авантура.

Со Водолиите се чини дека постојано сте во почетокот на врската, без разлика колку време сте заедно.

Си ја сакаат и самостојноста и нема да им пречи ако поминат денови без да контактираат со вас. Тоа не значи дека не ве сакаат, едноставно тоа им е потребно.

Ако не можете да го одржите ова темпо, колку и да ве привлекува неодоливиот интелектуален и сексуален магнетизам на Водолијата, ќе мора да се помирите дека вие не сте партнер за неа.

реклама

Љубов и секс

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Read more

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе