Тешко ви е да мрднете од каучот? Неколку совети како да се мотивирате за вежбање

А.С.
/ 18.05.2022 / 13:46

Мора да бидеме искрени - да станете од каучот и да трчате или кревате тегови бара неверојатен ментален напор и волја во одреден момент.

На крајот на денот, свесни сте што за вас значат вежбањето и движењето, исто толку за телото, колку и за духот и самодовербата. Без разлика дали се работи за 15-минутен јога тренинг, 30-минутна HIIT сесија или возење велосипед низ градот, никогаш нема да зажалите што ќе се натерате на движење.

Ако понекогаш ви е тешко да најдете мотивација, еве неколку совети:

Расположете се

Ако можете, организирајте простор каде што ќе се чувствувате инспирирани да го движите телото. Ставете картички со афирмации околу вас, запалете миризлива свеќа и ставете чергиче за вежбање и крпа. Ако имате простор кој е секогаш подготвен за вежбање, поголема е веројатноста да го користите.

Опремете се

Инвестирајте во некои основни работи кои одговараат на вашиот животен стил и вкус. Вежбањето е време за поврзување со себе. Сите ваши сетила ќе бидат зајакнати, затоа размислете за сè што ги стимулира.

Почнете полека

Не избирајте премногу напорен тренинг за почеток. Уживајте во напливот на ендорфини и обидете се да го запомните тоа чувство бидејќи тоа ќе ви даде малку дополнителна мотивација за вашиот следен тренинг.

Утрински тренинзи

Ќе забележите дека има помалку простор за изговори наутро додека светот се уште се буди и вашиот телефон не почнал да ѕвони. Исто така, во текот на попладневните часови вашето ниво на енергија природно опаѓа. Тешко е да се најде мотивација во такви прилики и затоа почесто се случуваат одложувања на тренинзите за уште еден ден.

Кратко, но ефективно

Ослободете се од однапред замисленото мислење дека тренингот треба да трае 60 минути. Има толку многу онлајн апликации кои вклучуваат 10 до 20 минутни тренинзи во кои ќе се чувствувате 100 проценти раздвижени. Кога ќе го промените овој начин на размислување, наскоро ќе сфатите дека наоѓањето време во денот за одличен тренинг е многу остварливо.

Прославете го вашиот успех

И конечно, наградете се. Резервирајте масажа пред крајот на неделата за да ги ослободите уморните мускули, маникир или педикир, релаксирачки третман на лице или излегување на пијачка и многу смеа со пријателите.

реклама

Том Хенкс со години се бори со тешка болест која ја добил поради улога

Read more

Зошто Германија и Јапонија сериозно се вооружуваат?

Read more

Брук Шилдс: Агаси збесна кога глумев со Џои во Friends

Read more

САД одби да објави снимки од соборените НЛО-а: Тоа е строго доверливо

Read more

Фит

Која храна треба да ја одбегнувате ако сакате рамен стомак?

Read more

Какви промени ќе забележите на телото ако почнете да вежбате со тегови?

Read more

Може ли вежбањето дома без опрема да даде добри резултати?

Read more

Зошто не треба да трчате со мобилниот в рака?

Read more
 

Магазин

Месечен хороскоп за април: Три знака ќе имаат животен пресврт

Читај повеќе
  • filter

Хајди Клум – божица на црвениот килим

Читај повеќе

Која храна треба да ја одбегнувате ако сакате рамен стомак?

Читај повеќе

Дали треба да позајмувајте пари на роднини и пријатели?

Читај повеќе

Зошто одлучив да немам деца?

Читај повеќе

Која е врската помеѓу витаминот Д и опаѓањето на косата?

Читај повеќе

Спанковците се поинтелигентни и посреќни од ранобудниците

Читај повеќе

Здравите деца мора да внесуваат глутен во исхраната

Читај повеќе

Потврдено: Хормоналната контрацепција го зголемува ризикот од рак на дојка

Читај повеќе