Tesla доби над 1.000.000 резервации за Cybertruck

Tesla прифаќа резервации од клиенти за својот електричен камионет од ноември 2019 година.

За година и пол откако беше претставен во јавноста, Cybertruck привлече 1.084.200 потенцијални купувачи.

Имено, толку многу луѓе досега изразија желба да станат сопственици на футуристичкиот електричен камионет, а кога велиме „потенцијални“, тоа значи дека овие резервации не се обврзувачки и вклучуваат навистина мал депозит од само 100 американски долари, па многу купувачи може да го изгубат трпението и да се откажат од набавката.

Според teslarati.com, повеќето луѓе (48%) се заинтересирани за верзијата со два електромотори и погон на сите тркала.

За оваа верзија се вели дека има опсег на возење од над 480 километри и дека забрзува од место до 100 километри на час за помалку од 5 секунди, а ќе чини 49.990 долари.

Втора најпопуларна опција е Cybertruck со три електромотори (44,5% од резервациите), додека на третото место е верзијата со еден мотор и погон на задните тркала, со само 7,5%.

Една од причините за толку мал интерес за моделот што работи со еден електричен мотор лежи во фактот дека оваа верзија пристигнува дури на крајот на 2022 година, една година откако ќе почне производството на другите варијанти.

Cybertruck  доби сериозна конкуренција со претставувањето на електричниот Ford F-150 Lightning, кој привлече 20.000 потенцијални клиенти за само 12 часа.

Тагови
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Авто новости

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Read more

Дизелот е мртов за Volvo

Read more

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Read more

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Read more
 

Автомобили

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Читај повеќе

Дизелот е мртов за Volvo

Читај повеќе

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Читај повеќе

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Читај повеќе

Е-автомобилите можат сами да си ги полнат батериите, некои можат да заштедат многу пари

Читај повеќе

Истражување: Kолкава моќност треба да има вашиот автомобил?

Читај повеќе

Водич за возачи: Одговорно паркирање

Читај повеќе

Последното Audi R8 оди од фабрика во музеј

Читај повеќе

Крај за два модела на Porsche во Европа

Читај повеќе