Tesla пријави рекорден профит за 2021 и нема да понуди нови модели годинава

Tesla ги реши проблемите со снабдувањето и забележа повеќе од трипати поголем профит во споредба со минатогодишните резултати, надминувајќи ги очекувањата на Волстрит за овој квартал.

Компанијата пријави прилагоден профит од 2,9 милијарди долари, што е силен раст во однос на профитот од 903 милиони долари една година порано и далеку над 2,6 милијарди долари, колку што предвидуваа аналитичарите, пишува CNN.

Приходите од 17,7 милијарди долари се за 65% повисоки од претходната година. Овие резултати значат дека Tesla заработила 7,6 милијарди долари за една година, а примила приходи од 53,8 милијарди долари.

„Оваа година нема да претставуваме нови модели на возила“

Извршниот директор Илон Маск повторно се појави на конференциски повик со инвеститорите, откако го пропушти оној пред три месеци. Пред шест месеци, тој рече дека повеќе нема да доаѓа на ваквите средби, освен ако нема „нешто важно“ да каже.

Веста што им ја пренесе на инвеститорите гласи дека Tesla ги одложува плановите за нови возила поради проблеми со снабдувањето со кои се соочува компанијата: „Нема да претставуваме нови модели на возила оваа година. Тоа нема да има смисла. Сè уште ќе имаме ограничен пристап до делови. Ќе бидеме подготвени да започнеме со производство, се надевам следната година“.

Tesla ги претстави плановите за голем број возила во својата палета на производи, вклучувајќи го пикапот Cybertruck, моделот Roadster или автомобил од 25.000 долари, кој би бил поевтин од кој било од неговите сегашни модели.

Да се ​​донесе нов производ на пазарот во 2021 година бараше многу внимание и ресурси, истакна Маск, а истото важи и за оваа година. Тој додаде дека компанијата се справува со „повеќе предизвици во синџирот на снабдување“, но не наведе детали. „Недостигот на чипови, иако не е толку изразен како минатата година, сепак е проблем“, рече Маск.

Во соопштението, компанијата предупреди дека се соочила со предизвици во глобалниот синџир на снабдување, транспорт, работна сила и производство во последниот квартал, за што рече дека ја ограничува нејзината способност да работи фабрики со полн капацитет.

Tesla продаде 936.000 возила во 2021

Проблемите со снабдувањето со делови, особено со компјутерски чипови, се проблем за целата автомобилска индустрија повеќе од една година. Tesla успеа да го зголеми своето производство и продажба соочена со овој недостаток. Спротивно на тоа, нејзините традиционални конкуренти во автомобилската индустрија беа принудени привремено да ги затворат своите фабрики и да го ограничат производството. Ова резултираше со опаѓање на залихите на нови возила низ индустријата и рекордно високи цени за купувачите на автомобили.

Спротивно на тоа, Tesla успеа да го задоволи зголемениот апетит за електрични возила кај клиентите. Глобалната продажба на електрични возила се проценува дека пораснала на 4,5 милиони минатата година од 2,1 милиони во 2020 година, според истражувачката компанија LMC.

Tesla продаде 936.000 возила во 2021 година, што е речиси двојно повеќе од 500.000 продадени возила во 2020 година.

„Со оглед на тоа што недостигот на чипови сè уште е голем проблем во автомобилскиот свет и со оглед на логистичките проблеми на глобално ниво, овој импресивен напредок во заработката зборува за побарувачката за електрични возила, така што Tesla влегува во 2022 година со прилично добри резултати“, вели Ден Ајвс, аналитичар за Wedbush Securities.

Tesla најави дека очекува зголемување на производството во постоечките фабрики во Калифорнија и Шангај, заедно со зголемено производство во новите фабрики во Остин, Тексас и Берлин.

„Веруваме дека има потенцијал за проширување на вкупниот капацитет на фабриката во Фримонт во Калифорнија на над 600.000 возила годишно. Веруваме дека конкурентноста на пазарот на електрични возила ќе биде одредена од способноста да се додадат капацитети низ синџирот на снабдување и да се зголеми производството“, се вели во соопштението на компанијата.

Tesla започна со производство на новото SUV возило Model Y, во фабриката во Остин кон крајот на минатата година.

„По финалната сертификација на Model Y произведен во Остин, планираме да започнеме со испорака до клиентите“, велат од компанијата и додаваат дека се работи на дозволи за производство со властите во Берлин за тамошната фабрика.

Очигледно е дека има побарувачка за автомобилите на Tesla, под претпоставка дека компанијата може да ја зголеми својата понуда. Понудата на возила на Tesla се намали во последниот квартал и залихите беа доволни за само четири дена продажба, во споредба со 11 дена во претходната година и во просек 28 дена во 2017 година. Дури и во индустрија која има рекордно ниски залихи на нови возила, ова е исклучително мала понуда.

Сè уште не е познато кога ќе биде достапен Cybertruck

Во соопштението на Tesla за заработката и приходите не се дадени никакви детали за тоа кога Cybertruck ќе биде достапен, освен што се вели дека ќе се произведува во Остин по Model Y.

Акциите на Tesla, кои паднаа за 11,3% во 2022 година, пораснаа за време на првиот дел од конференцискиот повик со инвеститорите. Акциите на Tesla вредат повеќе од пазарната вредност на 10-те најголеми светски производители на автомобили и покрај тоа што компанијата е помала од која било од нив.

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Авто новости

Први фотографии: Новиот Citroën C3 Aircross има 7 седишта

Read more

Пад во продажбата на автомобили, производителите го преиспитуваат укинувањето на бензинците

Read more

Ford почна да прима нарачки за најмоќниот Mustang досега

Read more

Volkswagen инвестира 2,5 милијарди евра во Кина

Read more
 

Автомобили

  • filter

Први фотографии: Новиот Citroën C3 Aircross има 7 седишта

Читај повеќе

Пад во продажбата на автомобили, производителите го преиспитуваат укинувањето на бензинците

Читај повеќе
  • filter

Ford почна да прима нарачки за најмоќниот Mustang досега

Читај повеќе

Volkswagen инвестира 2,5 милијарди евра во Кина

Читај повеќе

Само што се појави, а новиот Alfa Romeo веќе мора да го смени името

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Најпродаваниот модел на BMW добива наследник

Читај повеќе

Дали жените се повнимателни возачи од мажите?

Читај повеќе
  • filter

Peugeot конечно го покажа тајниот прототип 208 Cabriolet

Читај повеќе

BMW со првите фотографии го најави претстојното доаѓање на новиот X3

Читај повеќе