Тестенини на медитерански начин

Секогаш кога подготвувате јадење со тестенини, помислете само на разновидноста што ја овозможуваат различните форми - шпагети, фузили, макарони, њоки...

Потребни состојки:

(за 6 лица)

  • 400 гр тестенини
  • 300 гр чаден кашкавал
  • 1 модар патлиџан
  • 1 лажица пченично брашно
  • сол

за сосот:

  • 50 мл маслиново масло
  • 50 гр црвен кромид
  • 2-3 чешниња лук
  • 2 конзерви пелат (800 гр)
  • 50 мл бело вино
  • 2 лажички шеќер
  • 1 лажица вегета
Подготовка

На загреано маслиново масло пропржете го ситно сечканиот кромид додека не порумени. Додадете сечкан лук и покријте со вино. Гответе додека не испари виното, а потоа додадете крупно исечени пелати, вегета и шеќер. Варете на тивок оган околу 20 минути.

За тоа време модриот патлиџан исечкајте го на коцки, посолете го, исцедете го и исушете го. Вишокот брашно просејте го за модриот патлиџан да не впие премногу маснотии, па кратко пропржете го во длабоко масло.

Во меѓувреме, сварете ги тестенините во исцедете ги. Варете ги според упатството на пакувањето, кое варира во зависност од видот на паста што сте ја одбрале.

Готовиот сос измешајте го со 200 гр чаден кашкавал исечкан на коцки, пржениот патлиџан и сварените тестенини. Се става во огноотпорен сад и се посипува со преостанатиот чаден кашкавал, но изрендан, и се пече во загреана рерна на 200°C околу 10 минути.

Послужување

Пред сервирање, испечените тестенини посипете ги со исечкан свеж босилок.

Совет

Наместо модар патлиџан, можете да користите тиквички кои не треба претходно да ги посолите.

Скробот од брашното им овозможува на коцките модар патлиџан да ја задржат својата форма и цврстина, без разлика на понатамошниот тек на подготовка.

Тагови
реклама

Побиена теоријата за потеклото на водата на Земјата

Read more

Драстичен пад на продажбата на нови автомобили во Русија

Read more

Грците одбиваат да прифатат бегалци депортирани од Германија

Read more

Вештачката интелигенција лаже за тоа како размислува

Read more

Рецепти

Направете домашна пица во тавче по рецепт на Џејми Оливер

По рецепт на Џејми Оливер: Домашна пица во тавче

Read more

Рецепт за опоравување по велигденските гозби

Read more

Лесен и освежителен десерт: Ролат од јагоди и кокос што се топи в уста

Read more

Најбрзата салата од варени јајца

Read more
 

Магазин

Знаци дека на вашето тело му недостига витамин Ц

Читај повеќе

Опоравување по напорен тренинг: Што помага при болки во мускулите?

Читај повеќе
  • play_arrow
Направете домашна пица во тавче по рецепт на Џејми Оливер

По рецепт на Џејми Оливер: Домашна пица во тавче

Читај повеќе

Зошто е важно да му дозволите на вашето дете да се разочара?

Читај повеќе

Кои се најчестите постпородилни проблеми од кои страдаат жените?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

39 години по хаваријата: Колку вистина има во митовите за Чернобил?

Читај повеќе
  • filter

Јубилејна 30. сезона на FWSK: Скопје знае што е мода

Читај повеќе

Рецепт за опоравување по велигденските гозби

Читај повеќе

Зошто е полесно се слабее кога е топло надвор?

Читај повеќе