Тестирајте се: Дали сте навистина фит?

А.С.
/ 20.01.2022 / 15:56

Ако сте редовни во теретана, зборот фит сигурно го слушате многу често. Меѓутоа, ниту редовното „киснење“ во теретана, ниту пумпањето мускули не се гаранција дека вие сте во фит форма.

Фитнес експертите сметаат дека има неколку „фитнес стандарди“ што потврдуваат дали е некој фит или не. Ги има околу 20-тина, но како најважни се издвојуваат следниве:

Дали можете на последното исправање од чучњеви да кренете двојно од својата тежина?

Последното кревање од серијата чучњеви е феноменална вежба за зајакнување на задникот и бутовите. Ако можете да подигнете и тегови со двојно поголема тежина од вашата килажа тоа значи дека нозете ви се доволно силни и навистина фит.

Дали можете на бенч да кренете тежина еднаква на вашата десет пати со ред?

Тоа е многу подобар показател за вашата фит форма отколку еднаш да кренете максимална килажа. Издржливоста е поважна од силата.

Дали можете 15 пати со ред да се кренете на шипка?

Ако можете 15 пати со ред да се кренете на раце на шипка, вие сте во топ форма бидејќи за тоа ви е потребно да ги активирате сите мускули: торзото, рацете, грбот, рамената... Петнаесет повторувања се знак дека знаете како да ги користите мускулите, не само да ги „пумпате“.

Дали можете да истрчате 10 километри за 50 минути?

Трчањето е една од основните форми на вежбање. Ако можете да истрчате 10 километри за 50 минути, тоа е знак дека и од внатре функционирате добро, одноно имате голем капацитет на белите дробови.

реклама

Фит

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Read more

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Read more

„Убијци“ на тестостеронот кои мажите треба да ги одбегнуваат

Read more

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе