TEXAN & Envipco отвора фабрика за рециклирање во С. Македонија

Американската компанија TEXAN & Envipco ќе отвори фабрика за рециклирање на пластика во Северна Македонија. Оваа одлука му била соопштена денеска во Атина на премиерот Зоран Заев и на вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на средбата што ја имале со претседателот на грчко-американската комора АмЧам, Николаос Бакацелос.

Компанијата веќе 10 години работи во Грција со современа технологија за рециклирање.

Премиерот Заев, како што соопшти владината прес-служба, истакнал дека Северна Македонија посветено работи на унапредување на економската регионална соработка, за што говорат и податоците за солидната трговска размена со земјите од регионот и заедничките проекти во полето на енергетиката.Заев и Битиќи ги поканиле компаниите да ја посетат земјава и да ги искористат можностите за инвестирање и за заеднички вложувања со националните компании.

На состанокот се разговарало и за придобивките од влезот на Северна Македонија во НАТО, а премиерот Заев, презентирајќи ги можностите за инвестиции, нагласил дека позитивните исчекори што Северна Македонија ги направила за придвижување на интеграциските процеси на земјата, се уште еден силен импулс за отворање на економските перспективи.

Претседателот на грчката АмЧам, Бакацелос искажал благодарност што Северна Македонија е отворена за инвестиции и водење бизнис.

На средбата биле истакнати позитивните трендови во земјата кои даваат сигнал на стабилизирање на економија, зајакнување на довербата кај инвеститорите како резултат на позитивните движења во економијата, раст на извоз, индустриско производство, внатрешниот промет и раст на просечната плата.

Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Бизнис

Паднаа акциите на Netflix

Read more

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Read more

Волстрит паѓа четврти ден по ред

Read more

Народна банка: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30 отсто

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе