Тихановскаја: Отворени сме за преговори со власта во Минск

Белоруската дисидентка Светлана Тихановскаја, од Литванија каде се наоѓа во егзил, се обрати пред Европскиот парламент изутринава и потврди дека опонентите на режимот на Лукашенко се подготвени за преговори со власта.

Тихановскаја беше поканета утрово да одржи говор пред комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент. Таа ја повика Европската Унија и меѓународната заедница да го почитуваат суверенитетот на белорускиот народ, кој со недели мирно протестира против резултатите од изборите од почетокот на овој месец.

– Демонстрантите нема да се откажат, волјата на народот нема да биде скршена. Нашата цел е да постигнеме фер и слободни избори. Оттука ја изразувам нашата подготвеност да преговараме со властите и да назначиме преговарачи, спремни сме да разгледаме можност за посредување од страна на меѓународни организации, јас иницирав координативен совет со сите чинители во општеството и сите страни од политичкиот спектар, но властите одговорија со закани и заплашувања кон членовите на советот, изјави Тихановскаја пред европратениците.

Неформалната лидерка на опозициските движења во Белорусија истакна дека овие протести не се „ниту про, ниту анти Русија, ниту про, ниту анти ЕУ“.

– Ова е демократска револуција, битка на една нација да одлучи за самата себе, слободно и праведно да ги избере своите лидери и да одлучи за својата судбина, ова не е насилна револуција, рече Тихановскаја, повикувајќи ги сите страни и држави да го „почитуваат територијалниот интегритет на Белорусија“.

Протестите во Белорусија започнаа по изборите за претседател на 9 август, откако претседателот Лукашенко, на власт од 1996, се прогласи за победник. На овие избори немаше меѓународни набљудувачки мисии, а ЕУ и САД не ги признаваат резултатите и ги сметаат за фалсификувани.

Во име на европската дипломатска служба на денешната седница на комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент се обрати и Хелга Шмит, генерална секретарка на Европската служба за надворешни работи.

ЕУ, рече таа, од блиску ја следи состојбата на терен во Белорусија и се спротивставува на било какво влијание од надвор.

– Она што е многу важно во оваа мобилизација е дека таа се однесува на слободен избор на лидерите и иднината, и не се сведува на бинарен избор помеѓу ЕУ и Русија, впрочем на протестите нема ни ЕУ знамиња, потсети Шмит.

Европската Унија „најстрого“ ја осудува бруталноста на властите кон демонстрантите, тортурата и деградирачкиот третман и повикува на ослободување на сите политички затвореници, истовремено фокусирајќи се на изготвување на санкции кои нема да го погодат обичниот народ и ревизија на односите ЕУ - Белорусија.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Свет

Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000

Read more

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Read more

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Read more

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more
 

Вести

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Читај повеќе

Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000

Читај повеќе

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Читај повеќе

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе