TikTok го надмина YouTube во САД и Британија

Во извештајот на App Annie се наведува дека апликацијата TikTok на Android на дневна база се користи подолго во САД и Обединетото Кралство отколку конкурентот YouTube.

Се посочува дека во овие земји повеќе време се троши на апликацијата TikTok. Се проценува дека ова е последица на фактот дека оваа апликација е подобрена, а тоа важи и за квалитетот на видео-емитувањето.

Апликацијата на YouTube сѐ уште е меѓу петте најкористени - на кои луѓето минуваат најдолго време. Сепак, YouTube, кој е во сопственост на Google, има две милијарди корисници, што е значително повеќе од 700 милиони корисници на TikTok, колку што имаше на средината од минатата година.

Во извештајот, односно истражувањето, биле вклучени само оние што имаат мобилни телефони со системот Android. Но, Кина е исклучена од анкетата, каде што TikTok, познат како Douyin, е најпопуларната апликација.

TikTok во април годинава го надмина YouTube по тоа колку време корисниците трошат на апликацијата. Покрај тоа, апликацијата на TikTok беше најсимнувана во 2020 година.

Треба да се нагласи дека компанијата App Annie е специјализирана за анализа на пазарот на апликации, пишува BBC.

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Read more

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Мобилни

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Read more

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Read more

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Read more

HMD ги претстави Nokia мобилните 6310, 5310 и 230

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе
  • play_arrow

Неверојатна глетка снимена за прв пат во историјата: Пингвини скокаат од 15 метри

Читај повеќе

Литиум-јонските батерии ќе траат многу подолго благодарение на нов начин на полнење

Читај повеќе