Тиктокер ги одбра најлошите градови во Европа - Тетово на апарати

Кој е најлош град во секоја европска држава? Оваа тема дојде на ред на профилот на популарниот литвански тиктокер чиј избор предизвика лавина реакции на оваа социјална мрежа.

Тиктокерот MapOfGeography го објави своето најново дело „The worst city in each European country“, во кое од секоја држава го одбрал најлошиот град за живеење и за туризам.

Од Македонија најлош град е Тетово. Градот под Шара очигледно остава крајно лош впечаток кај секој странец што ќе го посети, па успеал да ги победи останатите македонски градови и да се здобие со епитетот најлош во оваа категорија. И не сме изненадени...

Тетово редовно се наоѓа на листата градови со најзагаден воздух во земјава, а пред неколку години тетовци цело лето се гушеа во реата и огромните количини отпад кои се насобираа по улиците, за што прстот беше вперен во Јавното комунално претпријатие. Навистина штета, со оглед на тоа дека Тетово има што да понуди, културно и гастрономски, кога не е жртва на политички игри поради кои цвета градежната мафија и никој не одговара за загадувањето.

Од околните држави, најлош во Грција е Кукуш, во Албанија е Елбасан, во Бугарија е Варна, на Косово е Митровица, а изненадувачки во Србија е главниот град Белград. Во Босна и Херцеговина е Зеница, во Хрватска е Ѓаково, во Словенија е Цеље.

Од попознатите градови, неславни победници се Фоџа (Италија), Франкфурт (Германија), Мурсија (Шпанија), Лисабон (Португалија), Марсеј (Франција), Даблин (Ирска), Коња (Турција), Острава (Чешка), Хул (Англија), Базел (Швајцарија), Припрјат (Украина) и Норилск (Русија).

@mapofgeography The worst city in each European country #foryou #fyp #europe #geography #maps ♬ original sound - MapOfGeography
Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Чек дис аут

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Read more

Топ 10 европски градови кои најубаво мирисаат

Read more

Вирална снимка од поплавите во Дубаи: Мачка очајно се држи за автомобил

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе