БАРАЖ НАТПРЕВАРИ ЗА ПОПОЛНУВАЊЕ НА 1.МФЛ

Тиквеш конечно прволигаш, Ренова на пенали излезе на крај со Охрид

Филип Здравески
/ 25.05.2021 / 18:28

После цели 17 години прволигашкиот фудбал се враќа во Кавадарци откако Тиквеш го совклада Силекс во баражот. Охрид за малку не направи сензација и на пенали загуби од Ренова која останува во елитата.

Фото: ГКФ Тиквеш Кавадарци

Со денешните бараж натпревари и официјално се спушти завесата на сезоната 2020/21 во домашната прва фудбалска лига.

Прволигашите Ренова и Силекс ги вкрстија копјата со второпласираните во двете второлигашки групи, Тиквеш и Охрид. Двата натпревара се одиграа во Скопје со директен пренос на МРТ3 и на МРТ2.

На Арената Тиквеш беше подобар противник од Силекс и заслужено го исфрли од првата лига. Кавадарчани промашија неколку одлични шанси во првиот дел, а конечно реализираа на почетокот на вториот дел кога Спахиу ја искористи контрата и со одличен удар го совлада Божиновски. Силекс, кој како освојувач на Купот на Македонија влезе во овој дуел, не успеа да создаде конкретна шанса, разочара, и по втор пат во својата историја ќе игра второлигашки фудбал.

Наредната сезона кратовци ќе бидат дел од групата Запад на втората лига, додека Тиквеш по цели 17 години се враќа во елитата. Ако му е за утеха, Силекс сепак ќе игра во Европа летово бидејќи како освојувач на Купот ќе го претставува македонскиот фудбал. Тоа е втор случај во македонскиот фудбал освојувач на куп да испадне од лига откако такво нешто приреди Тетекс во 2013 кога испадна од лига, но играше во Европа откако го освои купот совладувајќи ја Шкендија во финалето.

Национална Арена „Тоше Проески“ во Скопје
Тиквеш - Силекс 1:0 (0:0)
Стрелци: 54' Едиз Спахиу
Тиквеш: Стојан Димовски; Ристе Темелков, Методија Делов, Стефан Наумчески, Стефан Костов, Александар Вареловски (к), Јорданчо Наумоски (75' Филип Костовски), Благоја Љамчевски, Кристијан Костовски (61' Петар Љамчевски), Едиз Спахиу, Симеон Христов (80' Стојан Петковски).
Силекс: Даниел Божиновски; Давид Манасиевски (46' Филип Дурански, 66' Свилен Штерев), Срѓан Драшковиќ, Ристе Каракамишев, Виктор Серафимовски, Денис Ристов, Ангелче Тимовски (к), Даниел Карчески (58' Јордан Серафимовски), Дејан Тантуровски, Иван Ивановски (66' Ненад Нешовски), Пепи Горгиев (46' Крста Ѓорѓевиќ).
Жолти картони: Делов, Наумчески, Спахиу (Т), Ристов, Божиновски (С)
Главен судија: Марјан Ецкоски (Охрид)
Помошници: Слаѓан Маркоски (Гостивар) и Даниел Василевски (Скопје)
Четврти судија: Јован Качевски (Струга)

Интересен и неизвесен беше вториот бараж кој се одигра на терените кај ФФМ, а во кој Охрид на двапати имаше водство против Ренова и за малку не направи изненадување откако на минута пред крајот прими гол за 2:2. Воедно играше и со играч помалку во последните десетина минути.

Бидејќи правилата налагаат дека во случај на нерешен резултат продолженија нема да се играат, двете екипи веднаш се упатија кон изведување на пенали. Таму, серијата почна лошо за Ренова откако промаши искусниот Мишковски, но потоа Велии со две одбрани донесе предност за прволигашот, за во последната серија охриѓани по третпат да нереализираат и да стават крај на прволигашкиот сон кој трае од сезоната 2011/12 кога последен пат беа дел од елитата.

Стадион „Петар Милошевски“ во Скопје
Ренова - Охрид 2:2 (1:1); 3:2 пен.
Стрелци: 19', 89' Шефит Шефити - 5' Љупчо Трпески, 50' Роберт Митев
Ренова: Хадис Велии; Алуш Гавазај (46' Филип Стојчевски), Џелил Абдула, Арлинд Алити (58' Саимир Фетаи), Ненад Мишковски, Башким Велија (68' Сухејљ Мухарем), Фатјон Јусуфи, Бурим Садики (к) (79' Мена), Ремзифаик Селмани, Шефит Шефити, Ален Јашароски (46' Емран Рамадани).
Охрид: Николче Симоновски; Ајрадин Цуцули, Славе Маркоски, Ромео Кочоски (68' Виктор Наумовски), Љупчо Трпески, Наум Вељаноски (к), Шериф Реџепи, Александар Ѓорѓески, Александар Целески (87' Стефан Петрушевски), Бурхан Алији (87' Мартин Лекоски), Роберт Митев (77' Атде Мазари).
Жолти картони: Мишковски (Р), Вељаноски, Реџепи, Кочоски, Митев (О)
Црвен картон: 81' Шериф Реџепи (О)
Главен судија: Александар Грујоски (Кичево)
Помошници: Куштрим Лика и Зоран Јанкуловски (Кичево)
Четврти судија: Марјан Стојановски (Кичево)

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе