Тенис

Тим го победи Ѓоковиќ и обезбеди полуфинале на Мастерсот во Лондон

13. ноември 2019 - 8:26 | МИА/КАЈГАНА

Австрискиот тенисер Доминик Тим синоќа го победи Србинот Новак Ѓоковиќ и се пласира во полуфиналето на завршниот АТП турнир во Лондон.

Мечот беше решен во три сета по речиси три часа игра. На крајот резултатот беше 2-1, по сетови 6:7, 6:3 и 7:6.

На другиот меч од 2. коло во Б-групата на Мастерсот во британската престолнина, Роџер Федерер го совлада Матео Беретини со 2-0.

На табелата води Тим со максимални две победи, Ѓоковиќ и Федерер имаат по една победа и еден пораз и во директен дуел ќе одлучуваат за вториот патник во полуфиналето. Без шанси за влез помеѓу четворицата најдобри е Италијанецот Беретини кој ги загуби двата досегашни меча. 

Коментирај