Тимот на велшките навивачи утре на пладне ќе игра против Слободен

Филип Здравески
/ 24.03.2025 / 15:24

Македонија во вторник навечер во Скопје ќе биде домаќин на Велс во второто коло од квалификациите за пласман на Мундијалот 2026. За таа прилика во Скопје ќе дојдат стотина навивачи од Велс, меѓу кои и тимот на велшките навивачи, наречен Велш Фанс Тим.

Тимот на велшките навивачи на последниот натпревар лани есента во Исланд

Велш Фанс Тим е неофицијален фудбалски тим на навивачите на Велс кој игра натпревари кога нивната репрезентација гостува во некоја земја. Досега имаат одиграно 125 натпревари, а последниот им е на гости против Исланд во октомври лани. Понекогаш играат и дома, но повеќето од нивните натпревари се на гостински терен.

Во вторник, на денот на квалификацискиот натпревар, точно на пладне (12:00 часот), велшките навивачи ќе одиграат пријателски натпревар на Тренинг центарот „Петар Милошевски“ на ФФМ во Ново Лисиче против локалниот четвртолигаш Слободен, моментално второпласиран во општинската лига Кисела Вода. За овој скопски тим ќе бидат тешки два дена бидејќи пред овој натпревар треба да го одиграат одложениот лигашки дуел против ССК Младинец вечерва во 19 часот под рефлектори на стадионот „Милан Апостоловски“ во Драчево.

Како што откриваат од ФК Слободен, судиската тројка утре ќе ја сочинуваат женски судии, влезот ќе биде бесплатен, а ќе има и директен пренос на Facebook страницата на Слободен.

Слободен и Велш Фанс Тим ветуваат добра забава за сите што ќе се појават на трибините.

Ова ќе биде втор ваков натпревар за клубот од Аеродром бидејќи во ноември 2023 година на стадионот во Петровец играа против Ингланд Фанс - тимот на англиските навивачи. Тоа беше пред квалификацискиот натпревар за ЕУРО 2024 Македонија - Англија во Скопје, кој заврши 1:1. Во таа прилика англиските навивачи на дождливо време победија со 3:2.

Македонија и Велс, пак, играат утревечер од 20:45 часот на Националната арена „Тодор Проески“, а според последните информации продадени до овој момент се околу 20 илјади билети. Карти сѐ уште има, а целиот приход ФФМ најави дека ќе оди за настраданите од трагичниот пожар во Кочани.

реклама

Кинески хороскоп за мај: Детална астро анализа за сите знаци

Read more

Едно растение ги брка досадните муви пред да влезат во вашиот дом

Read more

Зошто има толку голем раст на заболени од рак на дебело црево меѓу младите?

Read more

Запален домот на Александар Пандов: Нема да нè запрат и нема да нè поколебаат

Read more

Фудбал

Погба оди во МЛС, еден клуб има ексклузивни права за преговори

Read more

Луис Енрике: На добар пат сме да ја исполниме целта, но мора да ја завршиме работата во Париз

Read more

Најубавата фудбалерка е слободна: Алиша Леман раскина

Read more

Каде се денес првите 7 играчи што ги потпиша Клоп за Ливерпул?

Read more
 

Спорт

Погба оди во МЛС, еден клуб има ексклузивни права за преговори

Читај повеќе

Луис Енрике: На добар пат сме да ја исполниме целта, но мора да ја завршиме работата во Париз

Читај повеќе

Бекот на Сан Антонио е дебитант на сезоната

Читај повеќе

Најубавата фудбалерка е слободна: Алиша Леман раскина

Читај повеќе
  • play_arrow

Каде се денес првите 7 играчи што ги потпиша Клоп за Ливерпул?

Читај повеќе

Барса и Интер вечер во различно расположение, но со иста цел - чекор кон финалето

Читај повеќе

Ненадејно почина Николче Здравески, легенда на Победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ со скромен трипл-дабл, Мареј беше херојот на Денвер

Читај повеќе

Анчелоти пишманџија

Читај повеќе