Tinder има нова опција - користете ја внимателно

Ако користите Tinder, новата опција ќе ве израдува.

Станува збор за овозможување на видеоповици, а во рамките на апликацијата опцијата ќе се вика Face to Face (Лице в лице).

Во јули, оваа опција беше во тест фаза. Корисниците во неколку земји имаа можност да ја испробаат, но уште тогаш Tinder соопшти дека ќе биде достапна за сите корисници.

Се разбира, приватноста ќе биде заштитена, така што апликацијата ќе побара ваша дозвола пред да започне видеоповикот и може да биде малку незгодно што другата личност нема да знае дека сте го активирале видеото, сè додека тој самата не го стори тоа.

Секако, за време на видеоразговорот мора да се почитуваат правилата на Tinder - без голотија, сексуална содржина, говор на омраза и слично. Екранот ќе биде поделен на два дела, така што вашето лице ќе се појави горе, а лицето на соговорникот подолу, пренесува Daily Mail.

URL

Исто така, Tinder советува да не брзате со видеоповиците. Секогаш прво добро запознајте го соговорникот, или барем најдобро што е можно, и само тогаш започнете со овој вид комуникација.

Новата опција на Tinder се очекува да им помогне на сингл луѓето кои преку апликацијата бараат партнер, во време на пандемија да имаат можност да искомуницираат со потенцијалниот „кандидат“ пред да изберат да се сретнат во живо.

Повеќе за предизвиците на излегувањето на состанок во време на КОРОНА читајте ТУКА, а за безбеден секс во време на пандемија, читајте ТУКА.

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Љубов и секс

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Read more

Венера во Овен до 29 април: 4 хороскопски знаци ќе доживеат големи промени во љубовта

Read more

Дали го знаете правилото 7-7-7? Може да го спаси бракот!

Read more

Колку често мажите и жените помислуваат на секс?

Read more
 

Магазин

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе
Како да направите совршени американски палачинки?

Како да направите совршени американски палачинки?

Читај повеќе

Топ 10 европски градови кои најубаво мирисаат

Читај повеќе

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Читај повеќе

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Читај повеќе

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Читај повеќе
  • play_arrow

Вирална снимка од поплавите во Дубаи: Мачка очајно се држи за автомобил

Читај повеќе
  • play_arrow

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Читај повеќе