Доколку немате идеја за нова фризура, ви го препорачуваме најновиот тренд сезонава кој веќе го освои Instagram - т.н „тирамису“ прамени.

Идејата за овој тренд за бојадисување е инспирирана од трите слоја на италијанскиот десерт - крем, колачиња натопени со кафе и тенок слој какао.
Се комбинираат нијанси на руса, светло и темно кафеава боја, кои на косата ѝ даваат нова димензија и визуелно ја прават погуста, па ова е одличен избор за дамите со тенка коса.
Некои фризери ја препорачуваат оваа техника на девојките со кафеава коса, за контрастот да биде што повидлив, додека други, пак, на русокосите им препорачуваат тирамису прамени, за нивниот изглед да изгледа што поприродно.