Тирана домаќин на финалето од новото натпреварување на УЕФА

Наредната сезона ќе почне инаугуралната сезона во УЕФА Европа конференциската лига, новото клупско натпреварување кое ќе заврши со големото финале во Тирана.

Денеска европската куќа на фудбалот одлучи домаќинлукот на првото финале од новото натпреварување да ѝ го додели на Албанија и нејзиниот главен град Тирана.

Се работи за трето по ранг натпреварување кое УЕФА го воведува за да ги задоволи помалите земји кои ретко имаат претставник во Лигата на шампиони и Лига Европа. Ќе продефилираат вкупно 184 клубови од сите 55 земји-членки на УЕФА, а 46 ќе се приклучат по елиминација од останатите две натпреварувања.

Форматот ќе биде како и во Лигата на шампиони: по квалификациите (кои ќе почнат на 8 јули) ќе се формираат 8 групи, секоја со по 4 клубови, а потоа преку нокаут-систем ќе се стигне до финалето.

А, тоа финале ќе се игра на 25 мај 2022 година на „Ер Албениа“ стадионот во Тирана, односно „Арена Комбтаре“ како што го именува УЕФА каде е забранета употребата на имиња на спонзори кај стадионите.

Стадионот е мал, има капацитет од само 22.500 гледачи, но е тотално нов, пуштен во употреба на 17 ноември минатата година. На стадионот игра репрезентацијата на Албанија, а по потреба го користат и градските ривали Тирана и Партизани. Изграден е на местото на „Ќемал Стафа“ стадионот кој се користеше од 1946 до 2016.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Фудбал

УЕФА го суспендираше Еми Мартинес

Read more

Пиоли ќе добие отказ, постои список со 5 имиња за негов наследник

Read more

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more
 

Спорт

УЕФА го суспендираше Еми Мартинес

Читај повеќе
  • play_arrow

Верстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18. место

Читај повеќе
  • play_arrow

Мајами и Њу Орлеанс последни учесници во плеј-офот, крајот за Чикаго и Сакраменто

Читај повеќе

Пиоли ќе добие отказ, постои список со 5 имиња за негов наследник

Читај повеќе

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе